Левица поднесе кривична до собранискиот спикер Гаши

October 22, 2024
1 min read

Левица и официјално поднесе кривична до собранискиот спикер Гаши поради тоа што како што велат не сакал да ја  одблокира законската процедура за Законот за бранители.

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев на пресконференција од прес центарот на законодавниот дом му порача на Гаши дека не постапил согласно новиот деловник и дека со тоа ја кочи  понатамошната собраниска процедура на Законот за бранители.

Од пратеничката група на СДСМ пак и денеска велат дека вчера имале координација во пратеничката група и дека во наредните денови ќе излезат во јавноста со информации за следните чекори кои ќе ги превземат за ова законско решение.

Коментирајќи ја кривичната на Левица во изјава за медиумите пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека до сега неколку пати Левица поднесувале кривични пријави па потоа ги повлекувале, но и го вперија прстот кон СДСМ за како што посочија  не конзистентност во нивните ставови околу ова законско решение бидејќи пратениците на СДСМ не ги ставиле своите потписи кога се собирале за претседателката на комисијата за социјална политика Илире Даути да ја свика седницата.

Од кабинетот на Африм Гаши за сега без став околу кривуичната на Левица против него. Она што е познато е дека пратениците од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на комисијата за социјална политика до сега во неколку наврати бараа од претседателката Илире Даути да го стави на дневен ред законот за бранители, но таа одбиваше со образложение дека во конфликтот од 2001 та имало две страни а земјава има само еден буџет и како што рече додека таа е претседател на оваа комисија овој Закон нема да го види светлото на денот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо заминува од Баер Леверкузен

Следно

Мета од затворски притвор: Не сум виновен

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop