Лекарите во Штип стравуваат од нова епидемија од морбили

January 21, 2023
1 min read

Во Штип нема регистриран случај на морбили, но лекарите се со апел за што помасовна вакцинација на децата. Доктор Дијана Коцева – Миланова од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип вели дека родителите најмногу пружат отпор кон оваа вакцина, што само ги изложува децата на зараза при евентуално пренесување на болеста од надвор.

– Не, немаме случаи на регистрирани заболени од морбили, меѓутоа самиот факт дека е низок опфатот на имунизација ги изложува од ризик неимунизираните деца при еден импортиран случај, евентуално, од странство да ја добијат болеста, бидејќи се работи за болест која се шири преку директен контакт и преку воздушно, вели Коцева – Миланова.

Опфатот на вакцинација во Штип е нешто понизок кај првата доза која ја примаат дванаесетмесечни деца, што се објаснува со општопознатиот факт дека родителите често ја одложуваат вакцинацијата, односно чекаат детето да прооди или да прозбори, па да ја прими вакцината.

Коцева-Миланова забележува дека вообичаено родителите ги носат децата за вакцинација по втората година.Смета оти ваквиот факт е неоправдан, бидејќи со тоа децата само се изложуваат на ризик.

-За да се оствари солиден колективен имунитет ние целиме кон опфат од над 95 проценти, меѓутоа реално тој опфат тешко се достигнува, така што на национално ниво целиме опфатеноста да е барем над 90 проценти. Во Општина Штип за вакцина со прва доза, која се прима на 12 месеци, опфатот изнесува околу 75.6 проценти, веќе за ревакцината која е на шест години опфатот е добар, 93,7 проценти. Меѓутоа, опасност да заболат од морбили се најмногу изложени малите деца и возрасните невакцинирани деца, кај компликациите може да бидат доста сериозни, па дури да доведат и до смрт, додава Коцева – Миланова.

Претходната пандемија на морбили беше прогласена на ниво на цела држава во 2019 година. Ако се спореди тогашниот процент, вели Коцева – Миланова, постои реална основа за грижа.

-И претходната пандемија кога се случи во 2019 година опфатот беше околу 80 проценти. Сега ние сме многу под 80 проценти, така што ризикот е реален од нова епидемија со морбили, рече Коцева – Миланова.

Не може да се каже колку процентот треба да падне за да се прогласи епидемија на морбили. Коцева – Миланова вели дека за преземање такви мерки одлучува Комисијата за имунизација, а тие ги следат препораките на национално ниво.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подољак: Размислете побрзо, секое одложување на помошта е смрт на Украинци

Следно

Градоначалникот на Илинден се сретна со пратеник и заменик градоначалник од Србија

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop