Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

November 18, 2024
1 min read

Владата со Буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Имено со предлог Буџетот за 2025 година кој е предложен од владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година. Здравството и подобрување на условите во здравството се високо на агендата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се планираат голем број на инвестиции, истакна Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

-Инвестициите се насочени кон набавка на медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во Јавните здравствени установи.

Владата за 2025 година планира реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ – Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, вели Лефков и додава:

„Предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Буџетот се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиника за психијатрија и други установи.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики за трансформација на Македонија“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

Следно

Кина повика на прекин на огнот откако САД ѝ дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop