Лефков со прашање до Каранфилова Пановска: Дали го чувствувате Заев како политички товар?

December 7, 2024
1 min read

Во телефонско јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, на кое гостуваше заменик претседателката на СДС, Фани Каранфилова Пановска, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков постави неколку прашања кон гостинката за кои побара нејзин став.

„Првото прашање е дали го чувствувате Зоран Заев како политички товар и дали како ново раководство ќе се оградите од него?“, праша Лефков и продоложи:

„Дали Дамева и Коцевски ги сметате како професионалци и дали добро си ја вршеа работата. Трето прашање, Каранфилова Пановска, како советник во министерството со коешто раководеше Маричиќ, има информации дека имало трошење на средствата од ЕУ кои беа под лупа на Европската канцеларија за измами, за коишто половина од истрагите за Западен Балкан беа кон Македонија, дали чувствувате одговорност бидејќи нема судски епилог за истрагите, односно корупција, бидејќи во тој момент сте работеле како советник на министерот Маричиќ во ресорното министерство?“, заврши Лефков.

Пратеникот во понатамошниот тек на разговорот, говореше дека новиот претседател на СДС, Филипче и не е баш нов лик во политиката, со оглед на тоа што беше подолг временски период министер во Владата на Заев, што го прави еден од виновниците за колапсот во здравството и владеењето на тогашната власт.

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Стар, истрошен политичар којшто е запаметен по вакцините од Хонг Конг, по спартанската медицина и лечење по бараки. Со извештаите на ДЗР кои укажуваат на милионски злоупотреби при набавка на лекови за коишто видовме дека дури и не стигале кај пациентите. Лечење со физиолошки раствор, матни тендери за компании коишто имаат, замислете исто седиште со адвокатите на Заев и сето ова се настани додека Венко е министер во Владата на Заев. Тоа го прави Филипче еден од виновниците за катастрофалниот пораз на СДС“, истакна Лефков.

Пратеникот даде коментар и за новото раководство на СДС, каде што напомена дека тоа е составено од партиски послушници на Заев, кои доаѓаат од третиот и четвртиот ешалон на партијата и сега се во раководството на истата.

„Новото раководство на СДС е составено од партиски послушници од трет и четврт ешалон, претставници на невладини организации, коишто во минатото докажано се бореа за Зоран Заев да дојде на власт. Вака екипирана СДС, наша оценка е дека не може да биде конструктивна опозиција“, дополни тој.

Лефков заклучи дека граѓаните не можат да очекуваат од СДС идеологија и дека како таква е приватизирана за интересот на поединци, а пред сè за интересот на Зоран Заев и неговиот потрчко, Венко Филипче.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на ракети за повеќе од 800 милиони долари на Холандија

Следно

Над 80 проценти од анкетираните новинарки на платформата ПИНА – жртви на онлајн напади и дискриминација на работното место

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop