Лебедев: Русите своите непријатели не ги сметаат за живи, мислат дека државата е толку голема и моќна што никој нема да ѝ се опира

November 19, 2023
1 min read

реклама


Рускиот писател во егзил, Сергеј Лебедев вечерва во „21 Анализа“ на ТВ21 истакна дека Русија почнала да се „задева“ со Украина уште многу одамна, односно уште од Портокаловата револуција во 2004 и 2005.

„Одеднаш соседната држава Украина покажа дека е способна да ја смени владата, изрази желба да стане дел од ЕУ и да биде демократска. Мислам дека оттогаш Путин и неговата влада се исплашија дека Украина ќе биде пример за Русија. Пример за демократска смена на власта. Затоа почнаа да се мешаат во сите избори во Украина. Се сеќаваме дека Јушенко беше отруен. Веројатно се сеќавате на неговото унаказено лице. Јасно беше дека тоа е масло на Русија“, вели Лебедев.

реклама

Тој додава дека Украина јасно го избрала европскиот пат.

„Првиот пат кога руската армија ја нападна Чеченија. Рускиот генерал неколку дена пред инвазијата рече дека војната ќе заврши за 3 дена. Дека му треба само една трупа за да го порази Грозни. Русите своите непријатели не ги сметаат за живи. Мислеа дека Чеченија нема да возврати и дека веднаш ќе се предаде. Истото го мислеа и за Украинците. Да, но тоа им се врти во главите. Така им функционираат умовите. Мислат дека државата е толку голема и моќна што никој нема да ѝ се опира“, вели Лебедев.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Скопјанец не може да си загради земјиште бидејќи соседите му ја уриваат оградата

Следно

„Секое дете има право да живее во мирен свет“ – Министерството за правда осветлено во сина боја во пресрет на Светскиот ден на детето

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop