Лајчак и Ескобар и официјално в петок во Белград и Приштина, во тимот на ЕУ се вклучува и Италија

January 18, 2023
1 min read

Дел од пошироката делегација покрај советници на германскиот канцелар и на францускиот претседател ќе биде и советник на италијанската премиерка, Џорџа Мелони. Ова е првпат италијански дипломат да биде дел од тимот во посета на регионот со цел напредок во дијалогот меѓу Србија и Косово

Специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалог, Миролсав Лајчак, во петок, на 20 јануари, ќе ги посети Приштина и Белград, потврди денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Лајчак ќе предводи поширока делегација во која ќе бидат и американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, советници на германскиот канцелар, Олаф Шолц и францускиот претседател, Емануле Макрон и еден советник на италијанската премиерка, Џорџа Мелони

Ова е првпат италијански дипломат да биде дел од тимот во посета на регионот со цел напредок во дијалогот меѓу Србија и Косово.

„Ова е дел од нивните тековни напори за унапредување на дијалогот што го помага ЕУ. Специјалниот претставник Лајчак ќе се сретне со косовскиот премие Курти овој петок, а потоа ќе се сретне со претседателот на Србија, Вучиќ во Белград за да разговараат за следните чекори за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“,

изјави Петер Стано за новинарите, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.

Целта на посетата, според европски извори, е подготовка за одржување на следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел.

Засега нема потврда кога би можела повторно да се одржи нова рунда лидерски разговори.

Српскиот претседател Александра Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти последен пат се сретнаа во Брисел на 21 ноември, минатата годин. Средбата беше оценета за неуспешна, а одговорноста за неа шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја префрли на шефот на косовската влада.

Претставниците на Европската Унија редовно велат дека се подготвени да свикаат состанок во секое време кога за тоа се подготвени српскиот претседател и косовскиот премиер.

Тие се уште не се откажуваат од намерата да организираат ваква средба до крајот на јануари.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на Бит Пазар: Скопјанец нападнат со остар предмет во обложувалница

Следно

ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеји

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop