КСС бара повлекување на предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи

January 30, 2023
2 mins read

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да се повлечат предложените закони за плати во јавниот сектор и за работни односи, со кои, според претседателот на КСС Благоја Ралповски, „се ќе биде ограничено и постоењето на синдикатите ќе нема никакво значење“. Наместо усогласување на платите, нагласи Ралповски, добиваме деградирање по сите основи со предлог законите.

-Се зборува дека ќе биде донесен до март, кога ќе треба да се усогласи со минималната плата, која според нашите пресметки треба да биде зголемена за над 2700-2800 денари, но сега наеднаш слушаме дека инфлацијата во Македонија е намалена и оти е намален процентот на зголемување на просечната плата. Очигледно е дека сакаат да го донесат дотогаш и да не се случи усогласувањето на платите согласно член 8, тие да останат на ова ниво и целиот труд на синдикатите во изминатите 10-20 години да падне во вода, рече Ралповски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Извршниот одбор на КСС на седница заклучил дека законот за плати во јавниот сектор е крајно дискриминирачки, противуставен и спротивен на конвенциите на Меѓународната организација на трудот за слободно  здружување и колективно преговарање и за колективно договарање во јавниот сектор, што се ратификувани од нашето Собрание.

-Наместо да ни се дозволи колективно преговарање како досега, таа можност ни се одзема и се прави контрола врз синдикатите и врз колективното преговарање со што се загрозува и опстанокот на синдикалното организирање во јавниот сектор. Наместо усогласување на платите ние добиваме деградирање по сите основи со овие два предлог закона, рече Ралповски, на прес-конференција.

Со законот за плати во јавниот сектор, како што укажа, сега на работодавачот му се овозможува со обичен акт да ги намали платите ако оцени дека нема пари за исплата на предвидената сума. Во корелација со новиот закон за работни односи, се предвидува колективните договори да важат само две години, наместо како досега нивната важност да биде се до потпишување нови.

-Она што го имаме стекнато како право по коефициенти на сложеност на работно место по стручност и образование веќе нема да важи и се дава во рацете на неколку министри. Предвестие на ова беше Протоколот што го донесе  Министерството за труд и социјална политика каде бараше  сите колективни договори да  бидат контролирани од Министерството за финансии. Очигледно со овој закон сака да се легализира оваа одредба, рече Ралповски.

Посочувајќи дека изминатиот период не беше направено усогласувањето на платите со минималната плата, истакна дека со донесената одредба во Законот за административни службеници со која се вметнала социјална категорија – минималната плата и административните и јавните службеници сега земаат плата според таа категорија, а не според образование и ниво.

– Целиот овој обид за непочитување на законите сега во согласност со овие два закони ги гледаме напишани и сакаат да ги легализираат сите дивоградби и да се амнестираат од сите прекршувања на законите. Ова не води кон реформа на јавниот сектор, туку кон уште поголемо деградирање на вработените во јавниот сектор и кршење на Уставот. Ова води кон клиентелистички пристап на јавниот сектор во 21-от век,  каде одредени категории вработени кои ќе бидат блиски до власта ќе земаат поголеми плати, а други не. За вакви реформи не разговаравме пред пет-шест години, но очигледно некој решил да го одземе правото на преговарање и правата на работниците што се стекнати не само за гранските колективни договори  туку и за оние на ниво на работодавач, наведе Ралповски.

Тој побара да бидат повлечени законите, пред се тој за плати во јавниот сектор и со дискусија со синдикатите да се донесе „соодветно решение“.

-За ваков закон е потребен широк консензус и многу работа за да се усогласат сите колективни договори, коефициенти на сложеност и сите работни места во јавниот сектор, а во тоа треба да бидат вклучени сите чинители, а не да се стави на маса пред свршен чин и да се дебатира во јавноста која очигледно е многу малку заинтересирана за ова деградирање на Уставот, посочи Ралповски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските војници убија Палестинец на Западниот Брег

Следно

Брисел: Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники

Latest from Blog

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал

Полицијата ги игнорирала предупредувањата за терористички напад пред масакрот на плажата Бонди

Навид Акрам и неговиот татко Саџид Акрам, кој беше убиен од полицијата за време на нападот на плажата Бонди, се обвинети дека пукале во недела, 14 декември 2025 година, околу десет минути

МЕПСО: Изборот на изведувач за далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР – избран е реномиран европски изведувач

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД
Go toTop