Кремљ: Украина сака да го сврти вниманието од загубата на Бахмут

May 22, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со влегувањето на украинска диверзантска група на руска територија, рече дека целта на Украина е да го оттргне вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут, јавува Анадолу.

Во изјавата за новинарите во главниот град Москва, Песков го коментираше влегувањето на диверзантска група на украинската армија на руска територија преку Белгород.

Наведувајќи дека Министерството за одбрана, Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Службата за гранична безбедност работат на неутрализирање на диверзантската група, Песков рече: „Путин е информиран за инфилтрацијата на диверзантската група. Работиме на отстранување и уништување на таа диверзантска група од руска територија. Имаме доволно сили и возила на терен.“

Нагласувајќи дека целта на диверзантската група е да го ублажи ефектот од загубата на Бахмут со влегувањето во Белгород, Песков рече: „Многу добро ја разбираме целта на таквата саботажа. Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание на загубата на Бахмут за украинската страна.“

Гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков, во денешната изјава рече дека диверзантска група поврзана со украинската армија влегла на руска територија и дека руските безбедносни сили презеле мерки за нејзино неутрализирање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Епстин го уценувал Бил Гејтс за афера со руска картаџика

Следно

Наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ ќе може да ја следат само децата чии родители изразиле желба за тоа

Latest from Blog

Николоски во ноќна посета на Коридорот 10: Интензивно се работи на обновата на автопатот кон Грција

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу

Бујаре Абази на надзорна расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал (КНПК), Бујаре Абази на денешната собраниска надзорна расправа истакна дека постапувањето по барањето на „АЛТА БАНКА АД Белград“ за преземање на „Стопанска банка

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции
Go toTop