Крај Лозница еден убиен и еден тешко ранет полицаец

July 18, 2024
1 min read

Еден полицаец убиен, а друг тешко повреден и се бори за живот во вооружен напад во близина на српскиот град Лозница.

Инцидентот се случил педесетина минути после полноќ за време на рутинска контрола на граничната полиција која запрела автомобил марка мерцедес, во кој се наоѓале две лица. Од српската полиција велат дека при излегувањето од возилото, едно од лицата кои се возеле, почнало да пука кон полицајците Никола Крсмановиќ и Вјекослав Илиќ, по што избегал. Повредените биле однесени во болницата во Лозница, каде еден од нив починал.

На местото на нападот, бил најден косовски пасош на име Хајзири Артан како и германска лична карта. Првиот човек на српското МВР, Ивица Дачиќ, вели дека сега се утврдува дали напаѓачот е лицето чии што документи се најдени во автомобилот или пак станува збор за неговиот брат, кој на почетокот на јули, избегал од затвор од Косово.

„Постои сомневање дека станува збор за терористички напад кој доаѓа од Косово и е организиран од страна на албанските структури. Ова не може да било нешто случајно или пак несреќен случај. Обвинителството за организиран криминал ќе се занимава со овој предмет бидејќи се работи за напад на полицаец.“ – изјави Дачиќ.

Вишото јавно обвинителство во Шабац веќе му одредил 48 часовен притвор на возачот на автомобилот, под сомневање дека стоирил кривилчно дело, недозволен премин ан државната граница и криумчарење на луѓе.

Според српските медиуми, возачот, кој е таксист од градот Тутин и е од српска националност, требало да го превезе напаѓачот до градот Лозница а за возврат му биле ветени 450 евра. Од косовската влада подврдија дека лицето чиишто документи се најдени на местот на убиството е нивен државјанин, но и дека безбедносните ограни се уште собираат информации за случајот. Сепак, премиерот Албин Курти, побара да не се политизира случајот.

Изворот на информацијата е Србија, нашите надлежни органи ќе ја информираат јавноста за моменталната состојба. оваа работа не треба да се политизира“, туку треба да се третира од безбедносен, правен и професионален аспект.“ – изјави Крсти.

Се огласија и од косовското Министерство за надворешни работи од каде ги повика граѓаните со косовски документи, како и оние од дијаспората, да бидат внимателни кога минуваат низ Србија или пак целосно да избегнуваат патување низ државата.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николче Шаркоски нов фудбалер на ФК Вардар

Следно

По сторијата на ТВ 24, саниран едномесечниот дефект на цевка во УСЈЕ низ која течела питка вода

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop