Ковачки: Само за да остане на власт СДС, се ставија во ситуација Груби да прави што сака и да не одговара за тоа

March 13, 2023
2 mins read

„Од владата ништо друго не ги интересира, освен како да останат ден повеќе на власт. Гледате и што се случуваше со последниве овие промени што ги правеа со Парламентот, со Владава, нели со зголемување на мнозинство, со стабилизирање на мнозинството итн. Само за да можат да крадат, да продолжат да крадат, тие се подготвени да дадат сѐ, дури и премиерот ако им го побараа и него ќе го дадеа“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Ковачки додаде дека власта ја доведе Македонија до ситуација да трпи за криминалот на Артан Груби. Братот на Артан Груби купува и дуќан во строг центар на Скопје за багателна цена, а за тоа одговорност нема.

„Македонија ја доведоа до ситуација да не му се води сметка на Артан Груби, да не одговара за отпишувањето на 1.500 тони пченица. Да нема никаква одговорност за таа работа“, укажа Ковачки.

Тој посочи дека по последниот Извештај на „Фридом Хаус“ повторно Македонија е падната на листата. Оваа година Македонија е едно место подолу од минатата година. Државата паѓа на степенот на демократијата, затоа граѓаните не веруваат во демократијата. Дури околу 61% од граѓаните во Македонија не веруваат во демократијата.

Ковачки во текот на емисијата се осврна и за криминалот од невидени размери за надзор на коридорите 8 и 10д, набавка од 22 милиони евра.

„Видовме зошто владината коалиција е направена и зошто не падна Владата, а тоа е за да можат да ги докрадат парите од надзорот и тоа се 22 милиони евра со ИРД, со ЕПТИСА итн. Гледате од Владата што кажуваат не е таа ЕПТИСА, ова е друга ЕПТИСА. Демек се сменило сопствеништвото, значи друга фирма. Гледате до каде оди забеганоста на власта. И сега власта се обидува да не убеди дека тоа што го гледаме, не е тоа што го гледаме, или тоа што го слушаме, не е тоа што го слушаме. Зошто? Затоа што 22 милиони евра треба да стават во џеб“, појасни Ковачки.

„Незадоволството од Артан Груби е големо, а тоа и ние го кажуваме тоа незадоволство само што ние тоа го кажуваме од државен аспект, затоа што се што прави го прави за својот џеб, за жал. Како може еден човек кој што е вицепремиер за политички систем да разговара за изградба на автопати? Зошто тој го промовира проектот со автопати, каде е министерот за транспорт и врски“, запраша Ковачки.

„Гледаме дека здравството ни се распаѓа, ни изгореа живи луѓе, никој не носи одговорност. Тука би ги споменал и упадите во Фондот за здравство. Прилично хаотична состојба имаме во делот на здравството. Гледате во земјоделието, минатата година имате само 18 протести на земјоделците, значи земјоделците не се задоволни. Економијата гледате инфлација 20% е веќе приближно, граѓаните не можат крај со крај да врзат. Платите не можат да го следат растот на цените. А, од власта отвараат фронтови со пекари, со бизнисмени итн.,“ укажа тој.

Ковачки додаде дека поради криминалот на власта, секојдневно опаѓа довербата на граѓаните во институциите, и во ЕУ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје

Следно

(Фото) МВР со детали за познатиот ресторан кој изгоре во Центар

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop