Ковачевски: Би било лошо ако Мицкоски се повлече од преземената обврска

June 10, 2023
2 mins read

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски решил да се повлече од она што го кажал на прес-конференција, а тоа, според Ковачевски, е дека прифаќа уставни измени, тогаш тоа треба да го каже на официјална средба. Прашан дали има шанса за уште една лидерска средба, Ковачевски само кусо одговори – „Ќе видиме“

Работните групи за продолжување на разговорите за уставните измени се вистинскиот формат во кој треба да продолжи договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски додавајќи дека секој предлог има свои специфики што треба да се имплементираат.

Ковачевски посочи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по нивната средба во средата се обврзал да учествува во процесот на носење на потребните одлуки за европска интеграција на државата.

Димитар Ковачевски – премиер и претседател на СДСМ
фото: принтскрин МИА

„Тој негов јавно искажан став и преземена обврска јас ја споделив не само со Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, туку и со нашите меѓународни партнери коишто исто така ја следеа таа прес-конференција на која што сите барања што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ беа практично прифатени од сите политички субјекти во државата. Гледам вчера и Алијансата му дава дополнителен ветар во грб на ВМРО-ДПМНЕ. Не би сакал да ги коментирам јавните изјави во тој дел бидејќи сметам дека ако се дадени на митинзи или на такви настани, сепак се со некоја друга намена“,

рече Ковачевски.

Премиерот смета дека би било лошо ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од преземената обврска и од посветеноста на завршување на процесот на уставни измени како што било договорено на нивната средба.

„Сметам дека доколку тој решил да се повлече од сè она што го кажа на прес-конференцијата, а тоа е дека прифаќа уставни измени, прифаќа впишување во Преамбулата на Уставот на државата на делови од други народи, вклучително и на делови од бугарскиот народ, дека прифаќа да биде дел од Владата заедно со СДСМ и другите коалициони партнери, тогаш треба да го каже тоа на официјална средба“,

рече Ковачевски.

Тој потсети дека и ДУИ прифати да не биде дел од владата во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ, така што смета дека сите детали треба да продолжат да се договараат на ниво на работни групи доколку, како што рече, она што беше кажано е кажано искрено. Прашан дали има шанса за уште една лидерска средба, Ковачевски само кусо одговори: „Ќе видиме“.  

„Сметам дека треба да размислат уште малку затоа што јас верувам дека им дојде шок на ВМРО-ДПМНЕ. Знаете, после една година кога правите протести, кога велите дека сте браникот, кога велите дека никогаш нема да прифатите уставни промени и одеднаш на прес-конференција вашиот претседател ќе каже ‘да уставни измени се прифатливи’“,

изјави Ковачевски.

Во однос на тоа дали по евентуалното формирање на „проширена влада“, пред следните парламентарни избори би се одело на создавање „техничка влада“, Ковачевски со оценка дека ако ВМРО-ДПМНЕ влезе во Владата, тогаш и за неа би било подобро да не се прави техничка влада.

„Она што го кажавме и што треба да се реализира е дека ќе направиме заедно гласање за отворање на Уставот, а потоа ќе се формира влада во која СДСМ ќе отстапи 50 проценти од своите места на ВМРО-ДПМНЕ. Таа влада ќе го заврши процесот на уставни измени, ќе го заврши процесот на скрининг, ќе ја направи втората меѓувладина конференција, ќе ги отвори поглавјата и мислам дека можеме да затвориме и едно и две поглавја од првиот кластер – фундаментот и потоа да одиме на избори. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да е опозиција и тоа е подобро за нив, отколку да се прави техничка влада. Меѓутоа, согласно законот, доколку треба техничка влада, тогаш ќе си прави техничка влада, така како што е согласно закон. Ние мора да ги почитуваме законите“,

потенцира Ковачевски.

Централниот одбор на СДСМ синоќа донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени, која ќе ја предводи партискиот генерален секретар Миле Зечевиќ Вардарски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска порачаа дека формирањето на ваква работна група има смисла само ако СДСМ каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Изложба „Во мир и тишина – фотографски записи на еден монах“ во штипски „Безистен“

Следно

Пред финалето во Лигата на шампиони, Ердоган го прими Чеферин во Истанбул

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop