Костовски: Згрешив што ја поддржав Арсовска, која сега се пресметува со мене

March 20, 2023
1 min read

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во интервју за „Макфакс“ кажа дека згрешил што ѝ дал поддршка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Костовски вели дека Арсовска почнала да се пресметува со него, откако ја загубила поддршката, па сега почнала да реализира проекти кои не се приоритет на граѓаните.

Градоначалникот Костовски вели дека во моментов се зборува за улица за која многумина не знаат ниту каде се наоѓа. Тој вели дека може да се помести трасата на улицата „Боца Иванова“ за која се планира булеварско решение, а за која Град Скопје најави почеток на изградба.

– Ниту ГУП, ниту ДУП не се библија и може да се променат. ГУП-от е Устав, но не е библија. Уставот се менува некогаш, ако е потребно, вели Костовски во интервју за „Макфакс“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, најави Бектеши

Следно

(ВИДЕО) Си Ѓинпинг пристигна во Москва: Подготвени сме да работиме на заштита на меѓународниот поредок

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop