Костовски: Во Бутел нема простор за урбаната мафија

March 9, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кажа дека во Бутел нема простор за урбаната мафија.

– Нема да дозволам во Општина Бутел повторно да дивее урбаната мафија, исто така нема да дозволам мирните граѓани на оваа општина да бидат третирани како криминалци. Баба Невена, Чичко Мустафа и Чичко Кирил не се криминалци, тие се чесни жители кои никогаш немале проблеми со законот, вели Костовски.

Костовски денеска се приклучи кон протестот кои го организираа жителите на Улица „Хо Ши Мин“.

– За време на кампањата пред изборите им дадов збор дека ќе се борам со урбаната мафија и ќе дадам сè од себе да го зачуваат нивниот мирен начин на живот. Имено, незадоволните жители протестираа против решеноста на Градоначалничката Данела Арсовска по секоја цена да изгради улица кој поминува веднаш до нивните домови, уште се позагрижени бидејки жителите мислат дека сето ова се реализира за да се изградат згради согласно план донесен во минатото. Градоначалничката Данела Арсовска за жал не е достапна за овие загрижени граѓани, повеќе од еден месец не успеваат да направат средба со неа, додава градоначалникот на Општина Бутел.

Костовски, исто така, посочи дека Општина Бутел испрати допис до Град Скопје со кој ја поддржа граѓанската иницијатива со која од градот Скопје се бара трасата на градската улица да биде поместена, или во договор со граѓаните да се изнајде прифатливо решение.

– На првата седница на советтот на Општина Бутел јас лично ќе потегнам прашање за поништување на маркиците за згради во овој дел на општината, кажа Костовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Стигна најавената помош од ЕУ – 80 милиони евра за справување со кризата

Следно

Тројца рудари затрупани во рудник во Шпанија

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop