Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да ги пренесуваме универзалните пораки на Лубарда – за хуманост и за заедништво

March 2, 2023
2 mins read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзината колешка, црногорската министерка за култура и медиуми, Маша Влаовиќ, вчера во Музејот на современата уметност свечено ја отворија изложбата на дела од еден од најголемите уметници на 20 век, Петар Лубарда.

Во присуство на голем број гости од јавниот и од политичкиот живот во земјава, министерката Костадиновска-Стојчевска рече дека оваа изложба на дела што се предодредени на вечност, е тестамент во кој е втисната меморијата на постземјотресно Скопје и на Музејот на современата уметност, како синоними на светската солидарност.

„Ова не е само обична изложба, било кажано во октомври 1963 година на отворањето на големата изложба – подарок на 26 слики од Петар Лубарда, во тогашниот Дом на синдикатите во Скопје. И еве, по 60 години, можеме да кажеме дека и ова не е само една обична изложба. Сега, по долго време, сме со сите 52 подарени дела од големиот југословенски и светски уметник, Лубарда“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека уметничкиот гениј, кој со своите слики во 50-тите години на минатиот век предизвикал ново внимание во светот, исправен покрај Дали, Хенри Мур и покрај Пикасо, трагично ја доживеал катастрофата на Скопскиот земјотрес и е меѓу првите што подале рака за поддршка, утеха и надеж. Вредности, кои трајно ги паметиме.

Црногорската министерка, Маша Влаовиќ, изрази задоволство што изложбата е дел од програмата за одбележување 60 години од разорниот земјотрес што го погоди Скопје и по тој повод, познатиот сликар Петар Лубарда донираше значителен број од своите дела како знак на солидарност и поддршка.

„Овој гест беше значаен и од аспект на формирањето на Музејот на современата уметност во Скопје, а може да се каже дека беше и иницијатива за создавање на оваа престижна институција, што особено нѐ радува. Врските меѓу нашите народи во поранешната држава беа силни и продуктивни, а сигурна сум дека тоа е случај и денес, за што сведочи и вечерашната изложба “, рече Влаовиќ.

Претходно, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ ја потпишаа новата Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот до 2026 година. Овие програми, според министерката Костадиновска-Стојчевска, се можност за нова соработка и за нови проекти, со кои двете земји носат и нов квалитет во работата на  новите иницијативи на земјите од регионот со кои се гради европски и модерен Балкан.

„Убедена сум дека во партнерство, пред нас се програми со кои ќе продолжиме да ги пренесуваме универзалните пораки на Лубарда – за хуманост, заедништво, за моќта на уметноста која ги пробива историските граници“, порача Костадиновска-Стојчевска.

За изложбата говореа и амбасадорката на Црна Гора во Македонија, Марија Петровиќ, и еден од кураторите, Владимир Јанчевски.

Изложбата на дела од Петар Лубарда, која ќе биде отворена до 31 март,  е резултат на соработката меѓу министерствата за култура на Црна Гора и на Република Македонија, Амбасадата на Црна Гора и Музејот на современата уметност – Скопје, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо на лето ќе ја напушти Рома доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите

Следно

10 „факти“ што ги верглаа ковид експертите кои излегоа дека се неточни

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop