Костадиновска-Стојчевска: Македонската сликовница има силни автори

May 26, 2023
2 mins read

„Во ден по денот во кој со должна почит ги чествуваме сесловенските просветители, солунските браќа Свети Кирил и Методиј, ми причинува задоволство што сум дел од овој разговор. Јас така го доживувам овој панел „Од буква до приказна“. И разговорот, како и приказната, започнува со буква. А без буква нема азбука, без азбука нема збор. Без збор, нема приказна. А без приказна, нема ни буква“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“.

На панел-дискусијата „Од буква до приказна“, посветена на текстот во сликовниците, Костадиновска-Стојчевска посочи дека сликовницата е сериозна работа и дека на секоја одделно треба да ѝ се пристапи како на уметничко дело. Во тој контекст, таа додаде дека Министерството за култура е силен сојузник и поддржувач на овој Фестивал за литература и илустрација за деца.

Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши автори на сликовници и воопшто на книги за деца и млади и дека затоа се принудени да преведуваат странски автори или да препечатуваат стари изданија само колку да има наши автори. Таа слабост ја увиде и Министерството за култура и, за среќа, во последниве три години, состојбата се менува. Во меѓувреме, за среќа, се појавија и нови генерации кои со својот талент и страст целосно се посветија на оживување на овој битен сегмент од литературата, рече министерката за култура.

Таа додаде дека наша заедничка задача е да ја поттикнеме љубовта на децата кон книгата и да им создадеме култура на читање и да им го вкорениме ставот дека, без разлика на сите нови алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака. Министерката за култура изрази задоволство од фактот што и издавачките куќи ја осознаа важноста на сликовниците и, со својата креативност и иновативност, помагаат сликовниците да се „центар“ на интересот на децата.

Таа потсети дека Министерството за култура со години, преку Годишната програма за поддршка на проекти во културата, поддржува сè повеќе наслови од овој вид книжевен израз, посветен на најмалите.

Освен поддршката во рамките на Годишната програма, Министерството за култура објавува и Конкурс за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на други јазици. Тука да ја нагласам и поддршката од Министерството за култура за присуство на саеми за детска литература, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Во тој контекст, таа додаде дека на нашите автори им се достапни и многубројните европски фондови преку кои може полесно да се постигне вмрежување и партнерство со странски издавачки куќи. Детска литература се испраќа и преку културно-информативните центри во Њујорк, Истанбул, Тирана, Софија, Загреб, а наскоро и во Белград, како и во училиштата и на курсевите каде што се учи и изучува македонскиот јазик.

Не велам дека е тоа доволно, дека тоа треба да биде сè што можеме да направиме“, рече министерката за култура, „затоа верувам дека со поголема поддршка во вид на иницијатива, на предлози може да станеме повидливи надвор од границите на нашата земја.“

На крајот министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека нема дете кое не сака сликовница, затоа што таа е негова сопственост еднакво важна колку и неговите играчки.

Во рамките на втората панел-дискусија, Костадиновска-Стојчевска и колегите од Владата, како и сите општествени чинители, освен за планираните и остварени капитални инвестиции во културата, дебатираа и за капиталните инфраструктурни инвестиции, инвестиците во образованието и во животната средина.

На панел-дискусијата „Од буква до приказна“ учествуваа и: писателката Бистра Георгиева; Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“; Бојан Саздов од Издавачката куќа „ТРИ“ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Инаку, на петтото издание на Фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“ и на кое се одржаа две засебни панел-дискусии, во фокусот беше македонската современа сликовница – предизвиците на илустраторите, писателите и на издавачите.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Непознат маж му пријде и го прегрна Шолц, според германските медиуми станува збор за голем пропуст на обезбедувањето

Следно

(ВИДЕО) Моќна криминална група од Западен Балкан разбиена во меѓународна акција, уапсени 37 лица

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop