Костадиновска-Стојчевска: Македонската културна дипломатија е подготвена да одговори на глобалните предизвици

November 17, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на отворањето на Годишната меѓународна научна конференција на УКЛО 2023 во Битола, каде што врвни научници споделуваат решенија за остварување на целите на Обединетите нации до 2023 година.

„Исправени пред глобалните предизвици,“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, „крајните решенија произлегуваат од обединетоста на културата, науката и политиката“ и додаде: Сиромаштијата, нееднаквоста, климатските промени и гладот не се изолирани борби туку поврзани битки. За да се справиме со нив, треба да се обединиме, преминувајќи ги академските дисциплини, географските поделби и идеолошките линии“.

Министерката говореше за моќта на културата која го облагородува секое општество, ги поврзува и ги спријателува народите, има активистичка улога по сите прашања што го засегаат светот. Затоа, Костадиновска-Стојчевска на Конференцијата, која се одржува на Светскиот ден на науката за мир и развој, посочи:„ Македонското општество, со своите многубројни предизвици, комплексност и меѓусебни зависности, бара пристап што ги надминува границите. Македонија има голем потенцијал за развој на својата културна дипломатија, таа има свое препознатливо место на културната мапа во регионот на кој припаѓа, но и многу пошироко, благодарение на богатото културно наследство, изворната фолклорна традиција, светски познатата сакрална уметност до современиот препознатлив литературен, музички и сценски израз“.

Темата на денешната конференција е „Мултидисциплинарен пристап кон Целите за одржлив развој”, затоа министерката истакна дека глобалните предизвици повикуваат на итност, амбиција и заедништво.

„Ние не сме тука само за интелектуална дискусија, туку сме собрани за да ја трасираме патеката на единството, соработката и визијата за трансформација“, рече министерката за култура.

Годинава одбележувањето на Светскиот ден на науката е во знакот на две важни случувања – прогласување на најдобрите научници на УКЛО во три категории и пристап кон УКЛО-мрежата како платформа за поврзување со научни дејци и институции кои дејствуваат надвор од Универзитетот. 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ковачевски: По изборите во 2024 Влада ќе формира СДСМ, јас повторно ќе бидам претседател на проевропска влада

Следно

Спасовски: На фирмите кои се на „црната листа“ на САД треба со закон да им се забрани да учествуваат на тендери за јавни набавки

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop