Коринтскиот канал ќе биде отворен за пловидба од 1-ви мај 2024

March 27, 2024
1 min read

Коринтскиот канал што го одвојува Пелопонез од континентална Грција, од 1 мај 2024 година ќе биде достапен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, соопштија од надлежната компанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на падините на каналот за да се избегнат одрони, но и за биолошко чистење, како што беше случај во изминатите месеци, откако беше затворен по ланската туристичка сезона.

Лани каналот беше отворен од 1 јуни до крајот на септември.

Коринтскиот канал, изграден во периодот од 1880 до 1893 година го поврзува Коринтскиот Залив во Јонското Море со Саронскиот залив во Егејското Море и го одвојува Пелопонез од континенталниот дел на Грција.

Вкупната должина на Коринтскиот канал е 6.343 метри, длабочината е 8 метри, максималната безбедна ширина за пловидба е 24,60 метри на површината на морето и 21 метар на дното, додека, пак, максималната безбедна висина за пловидба е ограничена на 52 метри поради мостовите над каналот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Путин се обидува да им го „прикачи“ нападот во Москва на Киев и на Западот

Следно

Њујорк тајмс подигнa скептицизам за својата приказна што ја објави за сексуалните напади на Хамас

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop