Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот

March 5, 2023
1 min read

Во организација на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“, на Влашките гробишта во Битола, денес се одржа чествување по повод 59 години од смртта на Милтон Манаки. Во чест на на првиот снимател на Балканот, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставниции на Советот на општината, како и други делегации – претставници на институции и асоцијации кои го негуваат делото и творештвото на Браќата Манаки.

Се собравме да одадеме достојна почит на еден од великаните на кинематографијата и зачетоците на кинематографијата на Балканот. Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки, биле дел од историјата на градот. Затоа, заедно тука се договоривме, идната година, кога се навршуваат 60 години од смртта на Милтон Манаки, подостоинствено да го одбележиме тоа, за што се договоривме да формираме Иницијативен одбор кој ќе се погрижи за одбележувањето, затоа што навистина, на вакви великани, Битола, треба достојно да им се оддолжи“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, прифаќајќи ја иницијативата на претставниците на Клубот „Милтон Манаки“.

Градоначалникот Коњановски, за идната година, најави повеќе активности, кои ќе се реализираат во чест на Милтон Манаки.

Делото на Манаки, денес знаеме се чува на две места, дел во Кинотека на Македонија, тоа е филмскиот опус, а додека останатиот, фотографскиот опус се чува во нашиот Архив. Мене ми е многу драго што се презедоа одредени акции околу трајното зачувување на тој фонд, што ќе претставува големо историско и културно богатство, не само за Битола и Македонија, туку и за целиот Балкан. Заслугата на Милтон и Јанаки Манаки е огромна. Заедно твореле и создавалае, а заслугата на Јанаки е дотолку голема што успеал, поголемиот опус од нивното творештво да го зачува, за денес да го имаме ние и да го презентираме пред јавноста. Делото е големо и треба да се почитува и вреднува. Сакам да покренеме иницијатива, за догодина, кога ќе одбележуваме 60 години од неговото упокојување во градот да се направи една поголема манифестација во негова чест, но и во чест на Јанаки, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИДЕО: На среќата и нема крај, брачен пар во Турција си го пронајде бебето на кое му ја загубиле трагата по земјотресот

Следно

Детали за трагедијата во Нови Пазар: Таткото жив горел на терасата додека се обидувал да ги спаси децата

Latest from Blog

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло
Go toTop