Коњановски: Со нови проекти ја подобруваме патната мрежа во Битола

April 24, 2026
1 min read

Денеска започна асфалтирањето на улицата „СРУ 5“, значајна сообраќајница во просторот на поранешната касарна во Битола, која ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Крушевска Република“.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека ваквите активности се дел од секојдневната работа на локалната самоуправа и претставуваат приоритет во подобрувањето на инфраструктурата.

„За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е секојдневна редовна работа, бидејќи уличната и патната инфраструктура се наш приоритет“, изјави Коњановски.

Претходно беа изградени тротоари од двете страни на улицата со ширина од по 2,5 метри, како и поставени коловозни рабници. По завршување на асфалтирањето, најавено е уредување на велосипедска патека, како и хортикултурно уредување на просторот.

Улицата „СРУ 5“ располага со целосна подземна инфраструктура, вклучувајќи атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа и ново улично осветлување.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува над 9 милиони денари. Од Општината најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период со нови проекти насочени кон подобрување на условите за сообраќај и комуникација на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка Скопје (KMB) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16%

Следно

Престиани доби шест меча суспензија од УЕФА

Latest from Blog

Престиани доби шест меча суспензија од УЕФА

Играчот на Бенфика, аргентинецот Џалука Престиани, доби шест меча суспензија од страна на УЕФА, поради инцидентот со Винициус Жуниор за време на мечот од Лигата на Шампоните против Реал Мадрид. Тогаш Престиани

Комерцијална банка Скопје (KMB) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 24.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.987,80 поени и забележа раст од 0,16%, односно 15,79 поени,

Wolt стартува и во Тетово со промоции за новите корисници

Тетово е новиот град во кој официјално стартува Wolt, како дел од поширокото ширење на платформата на македонскиот пазар. Со тоа, корисниците добиваат полесен пристап до локални ресторани и производи, директно преку апликацијата.

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат
Go toTop