Коњановски: Јавните претпријатија мора да станат поефикасни и финансиски одржливи

January 29, 2026
3 mins read

На денешната седница на Советот на Општина Битола, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Во продолжението го пренесуваме неговиот говор.

„На почеток на оваа прва седница во Новата година сакам да ви посакам успешна работа во годината пред нас.
Радосен сум за новиот чекор на транспарентност на овој Совет, а тоа е електронското гласање на седниците на комисиите и на пленарните седници.

 

Исто така ме радува што претседателот на Советот заедно со вас и службите работи на промена на деловникот за работа, се со цел поголема ефикасност во вашата работа.
Кога сме кај транспарентноста сведоци сте дека ја промовиравме и новата алатка за зимската служба преку која секој граѓанин, па и вие, кога ќе има интервенции ќе можете да следите каде работи механизацијата на Нискоградба.

И тоа не е се, уште еден сегмент во делот на транспарентноста сакам да истакнам, а тоа е и точката на дневниот ред, односно одлуката за формирање на комисија за селекција на кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори за материјално – финансиско работење во јавните претпријатија основани од Општина Битола. Општината преку својата интернет страница, социјалните мрежи и медиумите јавно го објави овој повик, се со цел да се изберат најдобрите, а не како што некои велат и било во друго време партиски подобните.

И можеби ќе речите дека сум здодевен со зборот транспарентност, но сакам да ја истакнам и тркалезната маса насловена Културна Битола во 2026 година, каде разговаравме за програмата за култура, а истото го имавме и за јавните претпријатија.

Верувам дека празнично се одморивте и имавте убави празнични денови, а сега сите подготвени со нови сили во нови победи.

На оваа седница има над 50-тина точки од дневниот ред, а да не ви одземам многу време од вашата работа, односно условно речено да не ја „окупирам“ оваа говорница ќе се осврнам и на темата која исто така е присутна во јавноста, а тоа се јавните претпријатија и состојбата во која се наоѓаат.
И ова мое обраќање е во насока на подобрување на нивната рентабилност, односно нивна поголема ефикасност во давањето на своите услуги до корисниците. Сите сме свесни во кое време живееме, како живееме и треба да сме реални за состојбите.
Секое од нив се бори со своите предизвици. Пред неколку години енергетската криза беше голем удар за нив. Зголемувањето на платите согласно зголемувањата на минималната плата исто така имаат влијание врз нивната работа, а неопходно е и вложување, односно инвестиции во механизација, кои се сега далеку попотребни од било кога, со оглед дека сме пред нова градежна офанзива каде и тие треба да сработат голем дел и од проектите кои ги доби општина Битола од Владата.
Во Битола има претпријатија кои со децении немале корегирани цени, односно не се случило поскапување. Како пример, комуналните услуги не се променети од 1994 година.
Она што сакам да го кажам е дека и ние по примерот на скоро сите градови, сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите.
Не е популарна мерка, но е доволно храбра, одговорна за да имаме претпријатија кои ќе бидат посамостојни во своето работење и многу поефикасни отколку досега. Впрочем тоа е и она што граѓаните го бараат од нас, да, поскапување на услугите, мегуѓтоа и подобрување на квалитетот на тие услуги.

Почитувани советници верувам дека ќе имате разбирање за споменатите аргументи во делот на корекцијата на дел од цените на услугите и дека заедно ќе продолжиме да градиме одржив систем на функционирање на јавните претпријатија.
Конечно еднаш засекогаш да се одлепиме од популизмот, да се одлепиме од политиканството, да живееме во реалниот живот.

На крајот на ова мое обраќање сакам да ве информирам дека сме на прагот на нова градежна сезона кога течат подготовките, оти ќе имаме многу работа на терен, особено во инфраструктурата, реконструкција на многу улици, булеварскиот влез, подобрување на спортската инфраструктура, реконструкција на спортски игралишта и нови спортски училишни сали, продолжува изградбата на новата противпожарна зграда, боксерската сала, како и за планинарскиот дом Копанки кој за следната зимска сезона ќе ги отвори вратите за посетители, а со тоа ќе го исполниме ветувањето за изградба на овој дом, во што сите вие имате свој посебен придонес.

Сакам да ви се заблагодарам и вас и на граѓаните и да посакам успешна и плодна година, да бидеме реални во нашите искажување, да не манипулираме со бројќите и да помогнеме на самите себе и на градот, да имаме град онаков каков што заслужуваат граѓаните со уредена инфраструктура, град кој заради старото градско јадро се соочува со проблеми и она што граѓаните го бараат и од нас и од јавните претпријатија. Во консултациите и разговорите со директорите на јавните претпријатија имавме многу такви средби, кога разговаравме на оваа тема, јас од нив побарав одговорно, поотчетно и поефикасно работење, односно она што граѓаните го бараат од нас. Во таа насока и ова зголемување на цените, нема само да е мерка која ќе ја подобри работата, меѓутоа нивниот влог во тоа е огромен. Така што се договоривме за 6 месеци ќе имаме повторно разговори и јас лично од нив ќе ја побарам одговорноста доколку ситуацијата на терен не се подобри во таа насока. Така што на вас и на нив е да покажеме колку умееме“ рече градоначалникот Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Проектот „Безбеден град“ има за цел да спасува човечки животи, погрешно е што одредени политичари се обидуваат да го етнизираат

Следно

Владо Милев е нов одбојкар на унгарска Казинбарчика

Latest from Blog

Николоски: Македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ

Во значаен пресврт за македонскиот транспортен сектор, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека Брисел ги прифатил ставовите на Македонија во врска со проблемите на домашните превозници. „Возачите

Конечно вистинско засилување: Супер-талентот на Црвена Звезда го одбра Вардар место Сараево

Од Вардар утрово ја најавија соработката со Дарко Велковски, македонскиот репрезентативец, но исто така најавија и ново засилување од соседна Србија. Станува збор за брзото лево крило Стефан Цветковиќ, кој во Скопје

Вардар се засилува за титула: Велковски се врати дома, потпиша и Цветковиќ

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен есенски шампион, ФК Вардар, не остава ништо на случајноста во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Со цел да ја зачува лидерската позиција и да го врати шампионскиот

Њујорк тајмс: Албанија создаде „дигитална министерка“ за сузбивање на корупцијата, потоа креаторите се најдоа под истрага за корупција

Аватарот познат како Диела, претставен како првата министерка во светот генериран со вештачка интелигенција, требаше да помогне во намалувањето на ендемската корупција во Албанија. Но, постои проблем. Раководителите на агенцијата што го
Go toTop