Кои сè високи украински функционери останаа без своите државни позиции

January 24, 2023
2 mins read

По низата оставки на високи функционери од украинската администрација, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека како дел од процесот на проширување, во кој сега се наоѓа Украина, се очекува таа да ја зајакне својата борба против корупцијата

Неколку високи државни функционери од Украина денеска си поднесоа оставки, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно најави дека неговата влада ќе биде подложна на кадровски смени и отпуштања од најниско до највисоко ниво поради наводите за корупција.

Првиот што поднесе оставка беше Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател, кој ја надгледуваше регионалната политика и претходно работеше на изборната кампања на Зеленски.

Во објава на Телеграм, тој утринава му се заблагодари на украинскиот претседател за довербата и за можноста, како што вели, за правење добри дела секој ден и секоја минута. Тимошенко не ја наведе причината за оставката, но беше обвинет од украинските истражувачки медиуми оти користел неколку скапи спортски автомобили во текот на војната.

Оставка од својата функција си поднесе и заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, по извештаите дека Министерството купувало храна по два до три пати повисоки цени од просечните, што, како што објавија украински медиуми, укажува на можна корупција.

Министерството ги отфрли обвинувањата за корупција, a ресорниот министер Олексиј Резников рече дека надуените цени се резултат на техничка грешка на добавувачот. Веднаш потоа оставка на функцијата поднесе неговиот заменик Вјачеслав Шаповалов, кој беше одговорен за набавките во Министерството.

Денеска, како што јави Би-би-си, беа разрешени голем број други високи функционери, вклучувајќи ги:

  • Заменик-главниот обвинител Олексеј Симоненко;
  • Заменик-министерот за развој на заедниците и териториите Иван Лукерју;
  • Заменик-министерот за развој на заедниците и териториите Вјачеслав Негода;
  • Заменик-министерот за социјална политика Виталиј Музиченк;
  • И регионалните гувернери на Днепропетровск, Запорожје, Киев, Суми и Херсон.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека денешните разрешувања покажале оти Зеленски реагирал на „клучното барање на јавноста“, додавајќи дека правдата важи за сите.

„Кадровските решенија на Зеленски сведочат за клучните приоритети на државата. Претседателот го гледа и слуша општеството и директно одговара на клучното барање на јавноста – правда за сите“,

рече Подољак.

Во меѓувреме, по низата оставки на високи функционери од украинската администрација, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека како дел од процесот на проширување, во кој сега се наоѓа Украина, се очекува таа да ја зајакне својата борба против корупцијата. Таа додаде дека Комисијата ќе ги оцени напорите на земјата за борба против корупцијата во следниот годишен извештај за напредокот на земјата кон ЕУ, што треба да излезе есенва.

Во своето неодамнешно обраќање до јавноста, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави отпуштања од највисоко до најниско ниво во неговата администрација – потег кој следи по сериозните обвинувања за поткуп од почетокот на руската инвазија пред една година

Неговите коментари уследија по апсењето на заменик-министерот за инфраструктура на Украина, Васил Лозински, под сомнение дека примил поткуп во вредност од над 350 000 долари за увоз на агрегати за електрична енергија, што министерот го негираше.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Паркови и зеленило“ со акција за уредување на вегетацијата на булевар „Партизански одреди“

Следно

Двајца загинати и двајца повредени во пожар во станбен објект на Ерменската католичка црква во Истанбул

Latest from Blog

Ученик донел сачмарка во училиште – ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Нова шокантна трагедија го потресе францускиот образовен систем – четиринаесетгодишен ученик отвори оган со ловачка пушка калибар 12 во училиштето „Жозеф Лаканал“ во францускиот град Обањ, во близина на Марсеј, при што

Николоски: Со Букојчани – Кичево го заокружуваме автопатското поврзување на западниот дел од Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8,

Нејмар одби да игра поради теренот, во „луда завршница“ неговиот тим загуби со гол даден со „ножички“ (Видео)

Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026
Go toTop