Коалицијата на Борисов е прва со околу 50 000 гласа повеќе од таа на Петков, бугарски ЦИК ги обработи гласовите

April 3, 2023
1 min read

Според резултатите од ЦИК, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе има шест партии. Борисов со минимална предност го победи Петков, а уште помала е разликата помеѓу третата и четвртата партија. ИТН на Слави Трифонов успеа да го надмине изборниот праг и да си обезбеди место во Народното собрание

Бојко Борисов / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги обработи 100 отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори и според резултатите во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат шест партии односно коалиции.

Речиси изедначената трка за првото и за третото место ја потврдија и резултатите кои ги соопшти ЦИК. Според нив, прва со најмногу гласови е коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов. Таа има 49 769 гласа повеќе или помалку од два отсто од второпласираната коалиција на Кирил Петков – Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Тесна е разликата и помеѓу трето и четвртопласираната партија – националистичката преродба и турската ДПС. Разликата помеѓу нив е 10 730 гласа.

Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, според овие резултати, успеала да го надмине изборниот праг од 4 отсто освоени гласови и ќе биде шеста партија во Народното собрание.

Резултатите по 100 отсто обработени гласови од ЦИК, како што јавува БНТ, се следните:

  • ГЕРБ-СДС – 26,51 отсто (669 361 глас);
  • ПП-ДБ – 24,54 отсто (619 592 гласови);
  • „Преродба“ – 14,15 отсто (357 167 гласови);
  • ДПС – 13,72 отсто (346 437 гласови);
  • БСП – 8,94 отсто (225 814 гласови);
  • ИТН – 4,11 отсто (103 641 гласови).

Под прагот од 4 отсто освоени гласови, пак, останаа Бугарски подем на поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 3,08 отсто освоени гласови (77 804) и Левица со 2,24 отсто (56 453 гласови).

Вчерашните парламентарни избори во Бугарија беа петти по ред во период од две години бидејќи по претходните четири изборни циклуси ниту една партија не успеа да формира стабилна коалиција за политичка влада.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРАГИЧНА ВЕСТ ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Почина фудбалер, имаше само 40 години

Следно

УНЕСКО и Европската комисија почнуваат образовна кампања против антисемитизмот

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop