Клековски: Епидемијата во Гостивар е прогласена, храната засега е исклучена како можен извор

July 19, 2026
1 min read

Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека во Гостивар официјално е прогласена епидемија поради наглиот пораст на бројот на граѓани со стомачни тегоби, додавајќи дека здравствените власти и понатаму регистрираат меѓу 250 и 300 нови пациенти дневно.

Според него, најголемиот дел од заболените имаат лесна клиничка слика со дијареја, повраќање и дехидратација, додека покачена температура и треска се јавуваат значително поретко. По примена на инфузиона терапија, повеќето пациенти се пуштаат на домашно лекување, а во болница остануваат само мал број лица, претежно пациенти со други здравствени проблеми кај кои е потребно дополнително следење.

Клековски нагласи дека прогласувањето на епидемијата има пред сè организациска улога и овозможува подобра координација меѓу институциите, додека сите здравствени мерки биле преземени уште пред официјалната одлука.

Министерот рече дека според досегашните епидемиолошки податоци, храната речиси сигурно не е причината за масовното заболување.

„Гледајќи ја демографската и географската распределба на заболените, алиментарна инфекција практично се исклучува. Но мораме да бидеме внимателни и да не носиме предвремени заклучоци пред да завршат сите анализи“, изјави Клековски.

Тој посочи дека заболени има од сите возрасни групи и од повеќе населени места, вклучително и населби кои користат различни водоводни системи, поради што епидемиолошките анкети и лабораториските анализи остануваат клучни за утврдување на вистинскиот причинител.

Во моментов во Општата болница во Гостивар сите пациенти добиваат неопходна здравствена заштита, а потребите од медицински кадар се покриваат со прераспределба на лекари од другите одделенија.

Клековски информираше дека резултатите од анализите на водата се очекуваат во текот на утрешниот ден. Испитувањата се вршат по налог на Јавното обвинителство, кое ќе ги соопшти резултатите и ќе одлучи за понатамошните чекори.

Осврнувајќи се на сомнежите дека нелегално поставени пумпи во водоводниот систем се можен извор на загадувањето, министерот рече дека тие веднаш биле исклучени од употреба, но нагласи дека институциите нема да излегуваат со конечни заклучоци додека не заврши истрагата.

Во меѓувреме, препораката водата од гостиварскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна останува во сила, сè до добивањето на официјалните резултати од анализите.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

Следно

ГЛАВНА ЦЕЛ Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ – Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Latest from Blog

Министерката најави намалена акциза, а бензинот и дизелот поскапуваат – во што е разликата?

Во речиси исто време кога министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку Фејсбук објави дека Владата донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од

Проданоски: Заедно создадовме уште едно успешно издание на најзначајниот прилепски фестивал

Заврши уште едно издание на Пиво фестивал – Прилеп 2026, манифестација која и годинава привлече голем број посетители од земјата и странство. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оцени дека фестивалот ги

Следува темелна истрага на ФИФА за инцидентите на финалниот дуел

Светските медиуми пренесуваат дека извори од ФИФА потврдуваат дека во следниот период ќе има темелна дисциплинска истрага околу инцидентите по завршувањето на финалето од Мундијалот синоќа во кое Шпанија со 1:0 ја

Хути: Воведуваме поморска блокада за Саудиска Арабија, веднаш стапува на сила

Милитантната група соопшти дека воведува „поморско ембарго против криминалниот саудиски непријател“, повикувајќи се на принципот „око за око“ за кој рече дека ќе стапи на сила веднаш по објавувањето. Хутите велат дека

Новиот министер за правда на средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје

Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се
Go toTop