ЌЕРКИТЕ НА МАРИН БАБИЌ ГО ВРАЌААТ ШОУТО „ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ“ НА 20 АПРИЛ ВО НОБ

1 min read

По повеќегодишна пауза, годинава ќе се одржи шоуто „Глумците пеат“, вели ќерката на идејниот творец Марин Бабиќ, Маја Бабиќ. Познатиот актер и радиоводител почина лани во октомври на 74 години.

„Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката“, објави Маја Бабиќ на Фејсбук.

На комеморацијата лани во Драмски, Маја подели и дека со нејзината сестра соработувале со татко им на „Глумците пеат“ и дека уживале во тој негов животен проект, како и дека им го оставил како аманет кога-тогаш да го обноват.

„Да бидам искрена, не ви било лесно и вам како негови колеги. Прецизен, ситничав, но со јасна визија што сака да направи. Ќе му го исполниме аманетот“, кажа Маја на 20 октомври.

Годинава настанот ќе се одржи на 20 април, во Националната опера и балет (НОБ), но од вгодина, вели Бабиќ, пак ќе  биде на денот на кој припаѓа – 26 март, во чест на Светскиот ден на театарот. Режисер е Дејан Пројковски.

Билетите се пуштени во продажба, по цени од 1.000 и 1.200 денари.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Мицкоски: Наместо за инвестиции во напредни технологии, владата на СДСМ-ДУИ не донесе во ситуација да зборуваме дали ќе имаме леб

Следно

Турскиот министер Чавушоглу ќе присуствува на 5. Конференција на ОН за најмалку развиените земји

Latest from Blog