Киран Трипие останува во Њукасл до 2025

1 min read

Англискиот фудбалски репрезентативец Киран Трипие го продолжи договорот со Њукасл до 2025 година, објави премиерлигашот.

Трипие дојде во Њукасл во јануари 2021 година од Атлетико Мадрид.

Англискиот десен бек досега сезонава постигна еден гол и запиша шест асистенции во дресот на Њукасл.

-Беше одличен на теренот и надвор од него, покажа лидерски квалитети во тешки моменти за клубот. Немам доволно комплименти да му изразам за сè што му даде на овој клуб, истакна тренерот на Њукасл, Еди Хау, во изјава за клупскиот сајт.

Третопласираниот Њукасл се наоѓа во рекордна серија од 15 натпревари без пораз во Премиерлигата и ја има најдобрата одбрана со само 11 примени голови на 20 натпревари во англиското првенство.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Партијата на Грците во Албанија во изборна коалиција со Бериша

Следно

„Шеќерни луѓе“ на режисерката Сузана Диневски добитник на 3 награди на фестивали во Дубаи, Италија и Шведска

Latest from Blog