Кинескиот претседател Си Ѓинпинг планира посета на Русија

February 22, 2023
1 min read

Си Ѓинпинг на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин ќе ги повтори повиците да не се користи нуклеарно оружје

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг наскоро може да ја посети Русија, објави „Вол Стрит Журнал“.

Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во завршувањето на конфликтот во Украина, а соработниците на претседателот велат дека Си Ѓинпинг има намера да се заложи за мултилатерални мировни преговори на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин.

Весникот пишува дека Си Ѓинпинг ќе ги повтори повиците да не се користи нуклеарно оружје, но и дека планираната посета е во рана фаза и не се одредени датуми, но можно е таа да се случи во април или мај.

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг вчера изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

Ганг на учесниците на безбедносната конференција во Пекинг им рече дека Кина е загрижена дека едногодишната војна може дополнително да ескалира и „да излезе од контрола“.

Кина никогаш не ја поддржа или јавно ја критикуваше руската офанзива и постојано ја изразува својата поддршка за Москва во врска со западните санкции. Пекинг, како што пренесува „Вол Стрит Журнал“, вели дека сака да игра поактивна улога насочена кон завршување на конфликтот.

Путин вчера воо своето обраќање пред руската Дума соопшти декка Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ).

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори тоа.

„На почетокот на оваа година добивме барање за инспекции на нашиот нуклеарен арсенал. Ова е апсурдно. Знаеме дека НАТО е директно вклучен во нападите врз руските објекти и сили. Тие нè напаѓаат, а сакаат да воведат инспекции? Ова е апсурдно. НАТО и САД отворено кажуваат дека целта им е стратегиски пораз на Русија. Потоа очекуваат да ги пуштиме во нашите капацитети? Нуклеарниот арсенал не е само во САД, туку и во Франција и Британија. Сето ова оружје е насочено против Русија. Изјавите на нивните лидери тие го потврдуваат тоа. Тоа мора да го земеме предвид“,

рече Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо се враќа во Интер?

Следно

Кина: Ванг и Патрушев против враќање на „менталитетот“ на Студената војна

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop