Кина повика на прекин на огнот откако САД ѝ дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел

November 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес повика на прекин на огнот поради извештаите дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи ракети со долг дострел за „ограничени напади“ врз руската територија, што е голема политичка промена, јавува Анадолу.

„Примирјето и политичкото решение се во интерес на сите страни“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, за новинарите во Пекинг, повикувајќи се на извештаи од Вашингтон.

„Непосреден приоритет е да се промовира деескалација колку што е можно поскоро“, рече Лин, јавија кинеските државни медиуми.

Одлуката Киев да користи ракети со долг дострел следуваше по извештаите дека Северна Кореја праќа војници за поддршка на воените напори на Москва.

Претходно Вашингтон се спротивстави Украина да употребува тактички ракетни системи со долг дострел против руски цели, наведувајќи ја загриженоста за можна руска одмазда.

„Кина постојано ги охрабрува и поддржува напорите што водат кон мирно решавање на кризата и на свој начин останува посветена да игра конструктивна улога во постигнувањето политичко решение за украинската криза“, рече Лин Џијан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

Следно

ВРЕДИ промената дојде: Се зајакнуваат врските на Северна Македонија со Косово

Latest from Blog

Николоски во ноќна посета на Коридорот 10: Интензивно се работи на обновата на автопатот кон Грција

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу

Бујаре Абази на надзорна расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал (КНПК), Бујаре Абази на денешната собраниска надзорна расправа истакна дека постапувањето по барањето на „АЛТА БАНКА АД Белград“ за преземање на „Стопанска банка

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции
Go toTop