Кина ја поддржа Србија во однос на Косово и заштитата на суверенитетот

May 31, 2023
1 min read

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, го обвини избувнувањето на насилството на северот на Косово за непочитување на српските политички права

По конфликтот меѓу српските демонстранти во косовската општина Звечан и мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), Кина ја изрази својата поддршка за напорите на Србија за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритетот, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, го обвини избувнувањето на насилството на северот на Косово за непочитување на српските политички права.

„Се спротиставуваме на едностраните акции на привремените самоуправни институции на Косово“,

рече шефот на кинеската дипломатија на прес-конференција.

И покрај тоа што косовските Срби ги бојкотираа локалните избори за градоначалници во општините со мнозинско српско население и се обидуваат да ги спречат новите албански градоначалници да ги извршуваат функциите, Мао рече дека на Србите им се нуди контрола над општините каде што се мнозинство.

„Го повикуваме НАТО да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет и да го направи она што всушност води кон регионален мир“,

рече министерот за надворешни работи на Кина, пренесе РСЕ.

Србите кои се населени на северот на Косово на 26 мај почнаа да протестираат во општините каде што се мнозинство, противејќи се на новоизбраните албански градоначалници.

По почетокот на тензиите, Србија ја подигна борбената готовност на својата армија на највисоко ниво и распореди воени единици на позициите во близина на границата со Косово.

За време на конфликтот со српските демонстранти на 29 мај, 30-ина војници на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, беа повредени.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објави дека во Косово ќе бидат испратени дополнителни 700 војници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Издаден налог за апсење на Даглас Коста

Следно

КФОР поставува бодликава жица околу општинската зграда во Звечан

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop