Кина и Франција ги поддржуваат напорите за враќање на мирот во Украина, објавија владите на двете земји

April 7, 2023
1 min read

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“. Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт

Додека францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, го привршуваа тридневниот самит, владите на двете земји објавија заедничка изјава во која е наведено дека ги поддржуваат мировните напори и се спротивставуваат на нападите врз нуклеарните постројки во Украина.

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“.

Фото: EPA-EFE/Ng Han Guan

Исто така, се вели дека ги поддржуваат напорите Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја гарантира безбедноста на нуклеарните инсталации, вклучително и нуклеарната централа Запорожје.

Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина.

„Важно е страните во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да обезбедат безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“,

се додава во соопштението.

Претседателството на Франција претходно објави дека Ѓинпинг е подготвен да му се јави на својот украински колега Володимир Зеленски за првпат од почетокот на инвазијата, но додаде дека кинескиот претседател ќе го стори тоа кога ќе оцени дека моментот за тоа е погоден. Сепак, ова не се споменува во заедничкото соопштение.

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт.

„Кина не е тип на земја која брзо ги менува своите позиции под надворешно влијание“,

изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, на прашањето дали Русија е загрижена дека Европа може да го убеди Си за Украина.

Во февруари годинава Кина објави документ од 12 точки во кој е наведена нејзината позиција за конфликтот во Украина. Некои дипломати сметаат дека овој документ може да послужи како мировен план и да ги поттикне Москва и Киев на разговор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија официјално го обвини за шпионажа американскиот новинар Гершкович

Следно

Србија уште се бори со коронавирусот: 644 нови случаи, 4 починати лица

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop