Русија официјално го обвини за шпионажа американскиот новинар Гершкович

1 min read

Како што се наведува во соопштението на руските новински агенции, пренесено од Агенцијата Франс Прес (АФП), дописникот на „Волстрит журнал“ од Русија, Еван Гершкович, се товари за шпионажа според член 276 од рускиот кривичен законик, врз основа на кој му се заканува казна затвор од 20 години

Американскиот новинар Еван Гершкович, кој неодамна беше приведен во рускиот град Екатеринбург, официјално е обвинет за шпионажа во Русија.

Како што се наведува во соопштението на руските новински агенции, пренесено од Агенцијата Франс Прес (АФП), дописникот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, се товари за шпионажа според член 276 од рускиот кривичен законик, врз основа на кој му се заканува казна затвор од 20 години.

Руските власти наредија притвор за новинарот до 29 мај, кој може да биде продолжен до евентуално судење.

ФОТО: „Волстрит журнал“

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација претходно објави дека Гершкович е приведен под сомнение дека шпионирал во корист и по налог на владата на Соединетите Американски Држави.

Тој, пак, категорично ги отфрли обвинувањата за шпионажа откако беше уапсен минатата недела.

Еван Гершкович (32) имал руска акредитација од МНР како дописник на „Волстрит журнал“ од Русија, а пред неговата работа како дописник, Гершкович работел за Агенцијата Франс Прес (АФП).

Американските власти побараа од Русија веднаш да го ослободи Гершкович, како и американскиот државјанин Пол Вилан, кој во Русија отслужува 16-годишна затворска казна за шпионажа.

Ослободување на американскиот новинар неодамна побара и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а неговото апсење го оцени како многу загрижувачко.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Невозможно е претседателските и парламентарните избори в година да бидат ем редовни ем во исто време – вели доцент Кртолица

Следно

Кина и Франција ги поддржуваат напорите за враќање на мирот во Украина, објавија владите на двете земји

Latest from Blog