Кемал Киличдароглу обвини за нефер избори и вети дека ќе ја продолжи борбата за демократија

May 28, 2023
1 min read

Опозицсикиот кандидат Киличдароглу не го призна поразот, но кажа дека и покрај сите притисоци, резултатите од изборите ја покажале волјата на народот за промена на авторитарната влада и обвини за „најнефер избори во последните години“

Претседателскиот кандидат на турската опозиција Кемал Киличдароглу, кој според прелиминарните изборни резултати загуби од Реџеп Таип Ердоган во трката за претседател на Турција, вечерва ѝ се обрати на нацијата и порача дека ќе продолжи да се бори за вистинска демократија.

Во говорот од седиштето на неговата партија во Анкара, Киличдароглу не го призна поразот, но кажа дека и покрај сите притисоци, резултатите од изборите ја покажале волјата на народот за промена на авторитарната влада. Борбата за демократија, порача тој, треба да се зачува поради децата, пензионерите, мајките и татковците, земјоделците и трговците.

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во својот говор, Киличдароглу обвини за, како што рече, „најнефер изборите во последните години“.

„Ги доживеавме најнефер изборите пред години. Сите државни средства беа мобилизирани за една политичка партија. Сите можности беа ставени под нозете на еден човек“,

рече опозицискиот кандидат на претседателските избори Кемал Киличдароглу.

Она што навистина ме растажува, рече Киличдароглу, се тешките денови и невојлата што ја чекаат Турција. На крајот од својот говор им се заблагодари на 25. милиони Турци кои гласаа за него и порача оти битката продолжува.

Со разлика од околу 2,2 милиони гласа, актуелниот претседател на Туција, Реџеп Таип Ердоган го победи својот опозициски противкандидат Кемал Киличдароглу во вториот круг од претседателските избори и си обезбеди уште еден петгодишен мандат.

Претседателот на Изборната комисија, кого го цитира Би-би-си, соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто со речиси сите преброени гласачки ливчиња во вториот круг од изборите.

Ердоган ја прогласи победата на претседателските избори уште пред Врховната изборна комисија на Турција да го соопшти официјалниот изборен резултат.

Тој им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Откако пееше качен на автобус, тој ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“, а својот противкандидат Кемал Киличдароглу го поздрави со зборовите „Збогум Кемал“.

Меѓу првите кои му ја честитаа победата беа унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ, но и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски со честитка до Ердоган за победата на изборите

Следно

Ердоган: „Не сме само ние победници, победник е Туркије, победник е нашата демократија“

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop