Караванот МАКЕДОНИЈО, во срце те носиме патува кон Струмица!

September 8, 2025
1 min read

По магичните вечери во Охрид, Делчево и Штип, каде што
илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те
носиме
пристигнува во Струмица! Дружбата со струмичката публика е закажана
во среда (10 септември) со почеток во 20:00 часот.

Ова не е само концерт – ова е празник на македонската
душа, на љубовта кон татковината, на гордоста што сме дел од народ со вековна
историја и песна што живее во секој еден од нас – затоа да ја славиме нашата
култура, да ја покажеме емоцијата и заедно да ја пееме Македонија! Да запееме со
Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски,
Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски,
Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев затоа што песната не
знае за поделби, таа зближува, лекува и обединува.

-Во Охрид, Делчево и Штип пеевме со срце, сега е време
Струмица да одекне. Време е да запееме сите, гласно, гордо… Време е
Македонија да ја обоиме со најубавите звуци!, велат организаторите Скендеровски
продукција.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чачани ги блокираа автобусите со поддржувачи на СНС и ги нападнаа со јајца

Следно

Минчев: Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop