Јубилејно 5. издание на „Златна рамка“ од 20 до 23 април: ДФРМ планира да организира и спроведе различни настани за промоција на македонската кинематографија

March 28, 2023
2 mins read

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) и во текот на оваа година планира да организира и спроведе различни настани и програми со цел да ја промовира македонската кинематографија, да обезбеди континуиран развој на филмската дејност, како и да овозможи стимулирање и унапредување на филмската професија и промоција на филмската уметност и култура.

Како иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм, ДФРМ годинава го подготвува јубилејното петто издание на манифестацијата, кое ќе се одржи од 20 до 23 април. „Златна рамка“ е единствена можност на едно место да се погледнат сите остварувања на домашната кинематографија од една календарска година.

Манифестацијата произлегува од потребата да се негува долгогодишната традиција на нашата кинематографија, која во континуитет произведува и врвни дела кои се дел од ревијалните или натпреварувачките селекции на најголемите светски филмски фестивали, но овие филмови често остануваат тешко достапни за домашната публика, понекогаш дури и за критиката. „Златна рамка“ веќе четири години успешно ја промовира нашата актуелна кинематографија и претставува единствен настан посветен на македонскиот филм, во услови кога дури и постоечките домашни фестивали немаат макар придружна специјализирана програма во која ќе бидат опфатени новите наслови, а значен дел од нив не успеваат да бидат поставени на редовниот репертоар на кината кои работат комерцијално.

Токму годинава се одбележува еден мини јубилеј од пет години и со големо задоволство може да констатираме дека „Златна рамка“ ги исполни очекувањата кои беа забележани во иницијативата за нејзиното отпочнување. Транспарентното прикажување на годишната продукција го подобрува квалитетот на проектите од година во година, нашата кинематографија предизвикува интерес кај домашната публика, медиумите покажуваат интерес за македонскиот филм, а филмските професионалци имаат можност да ги стават во фокус прашањата кои ги засегаат и да ги афирмираат своите остварувања со подеднаков третман на сите што се вклучени во филмските екипи. Ваков ревијален приказ претставува и своевиден отчет, што и` го должиме на публиката и критиката, која на едно место може да добие целосна слика за сработеното во македонскиот филм во една тековна година“, велат од ДФРМ.

 

Во рамките на „Златна рамка“, на 20. април ќе се одржи и Годишното Собрание на друштвото, на кое што оваа година ќе се изврши избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“.

 

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено и за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”. ДФРМ е единствената македонска овластена институција, препознаена од Американската Академија за подвижни слики, за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата. Годинава, изборот на македонски кандидат за Оскар ќе се одржи во октомври, при што ќе се формира комисија од филмаџии за коишто ќе бидат организирани затворени проекции за филмовите-кандидати, по што членовите на комисијата ќе ги прегледаат филмовите и потоа ќе се состанат за одлучување. Минатата година, за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ беше избран Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска.

 

ДФРМ продолжува и со активно учество во креирање на легислативата која се однесува на филм и аудио-визуелна дејност, со заложба за изготвување на нов закон за филмска дејност, според современите текови и стандарди и во корист на филмската фела и публиката. Друштвото на филмски работници се залага и за решавање на авторските права и статусот на филмските работници по модел на некои европски држави, процес кој е во тек, како и за конечно решавање на пензиско-инвалидското осигурување на сите неавторски позиции во филмот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕРУВАМ ДЕКА ГОРЕ ИГРАТЕ БРИЏ СО ДАДИ И МИЧО ЕГЕЕЦОТ, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

Следно

Британската исхрана е посмртоносна од ковид-19

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop