Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје

February 19, 2023
1 min read

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова вчера, на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во РСМ, при што им порачала дека тие се суштински дел од бугарската нација и дека ја играат виталната улога за ширењето на бугарската култура, јазик и вредности РСМ, јави БГНЕС.

На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.

Јотова, осврнувајќи се на ситуацијата со инцидентот со Христијан Пендиков, нагласила дека властите во Софија го следат внимателно расчистувањето на тој случај, при што истакнала дека „бугарската самосвест, а не бугарските документи, те прават Бугарин“.

Според неа, од особена важност е соработката меѓу бугарските културни клубови и граѓанските организации.

– Бугарската заедница во Македонија има богато културно наследство, кое заслужува да се чествува и негува. Промовирањето на бугарската култура и традиција во Македонија ќе ја зајакне бугарската заедница и ќе доведе до поблиски односи меѓу Бугарија и Македонија, оцени бугарската потпретседателка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

САД и Јужна Кореја одржаа воена вежба

Следно

Пимента: Халанд вреди околу една милијарда евра

Latest from Blog

Двојни аршини во Битола?

Последниве денови сведоци сме како некои профили, меѓу кои и „Поинаку во Битола“, си земаат право да навредуваат, потценуваат и пцујат луѓе по социјалните мрежи и тоа без трошка срам, без ниту

Меџити: Чаир ќе отвори нови работни места и ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, најави нов пристап за зголемување на буџетот и финансиските можности на општината преку европските фондови, со посебен фокус на програмата Horizon Europe. „Приоритет ни

Српскиот бизнисмен негира дека е во врска со екс сопругата на Харис Џиновиќ, Мелина

Богатиот Спасојевиќ за српските медиуми остро ги негираше вестите дека е новиот вереник на Мелина.  „Информациите немаат никаква врска со вистината. Толку за српското новинарство“, изјавил Топлица. Инаку, веќе два дена на социјалните мрежи кружат

Панел на САНУ: Во Србија за 20 години бројот на жени во репродуктивен период е намален за 450.000

Тоа е податок што не треба да чуди бидејќи во државата се раѓаат се помалу бебиња, објави денеска Политика извештај од панел на САНУ.  „Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека постои голем

Трамп ѝ даде зелено светло на ЦИА за спроведување тајни операции во Венецуела

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, ги потврди претходните извештаи на некои американски медиуми дека ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела. „Давам зелено светло за овие операции од
Go toTop