Јанев: Корупцијата е како малигно ткиво, не смееме да влеземе во вртлог на неоткривање и неказнивост

October 30, 2024
2 mins read

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор.

Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.

-Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови – разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.

Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.

-Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.

Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.

-За МВР овде имаме два сегменти – го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.

Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.

-Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.

Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Весиќ: Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга

Следно

Перински: Децентрализација на власта останува најважен принцип

Latest from Blog

Судбина на популарните пејачи: МЕ ГРИЗАТ, МЕ ЛИЖАТ, БУТААТ ПАРИ ВО ГАЌИТЕ… а има и рекет

Пејачот Филип Митровиќ, за време на разговор со медиум, се осврна, меѓу другото, на рекетирањето на сцената, тврдејќи дека „тоа е нешто што го почувствувал на своја кожа“, како и дека „најголемиот

Франција наплатува казна од 200 евра, доколку се зборува на мобилен преку звучник

Во Франција, сè поголемо внимание се посветува на контролата на бучавата во јавниот превоз, а неодамнешната ситуација во Нант покажува колку сериозно властите го сфаќаат почитувањето на мирот на патниците. Еден човек

ЛШ: Елмас одличен ама Наполи испушти победа, Реал “распука“, Арсенал со “седум од седум“, пораз на ПСЖ

ФОТО: SSC Napoli/FB Вечерва се одиграа уште седум мечеви од 7.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно беше на “Паркен“ во Копенхаген каде гостуваше Наполи со нашиот Елиф Елмас.

Метро излета од шините во Хамбург

Неколку вагони од метрото во германскиот град Хамбург излетаа од шините вечерва. За среќа, немало патници, а на лице место се протипожарните и полициските екипи, јавува Билд. Несреќата се случила на станицата

Градоначалникот Коњановски на работна средба во ЈП „Нискоградба“

Градоначалникот на Битола денеска беше и во работна посета на ЈП „Нискоградба“ каде оствари средба со директорот Зоран Талевски. На работната средба се разговараше за тековното работење на претпријатието, особено подготвеноста на
Go toTop