Израелската армија: САД го распоредија антибалистичкиот ракетен систем ТХААД поради тензиите со Иран

October 13, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската војска објави дека Соединетите Американски Држави (САД) го распоредиле антибалистичкиот ракетен одбранбен систем ТХААД (THAAD) во Израел поради тензиите со Иран, пренесува Анадолу.

Израелското армиско радио го нарече потегот дел од подготовките за очекуваниот израелски одговор на неодамнешниот ирански ракетен напад.

Иако се наведува како „прво“ распоредување од ваков вид, САД најавија привремено распоредување на системот за противракетна одбрана во март 2019 година, како дел од заедничките одбранбени вежби.

Останува нејасно дали сегашното распоредување е трајно.

Израелскиот Канал 12 објави дека американските војници „за прв пат ќе управуваат“ со батериите на системот во Израел.

ТХААД, развиен од компанијата „Локхид Мартин“, е одбранбено оружје наменето за пресретнување на балистички ракети со краток и среден дострел на големи височини.

Производителот тврди дека ТХААД е единствениот американски систем дизајниран да пресретнува цели внатре и надвор од атмосферата.

Пред ТХААД, израелската противвоздушна одбрана се потпираше на три системи: „Стрела“ за ракети со долг дострел, „Давидова прачка“ за ракети од среден дострел и „Железна купола“ за ракети со краток дострел – од кои сите не успеаја да пресретнат многу ирански ракети за време на неодамнешниот напад.

Иран започна напад на 1 октомври со околу 180 ракети како одмазда за атентатите на поранешниот шеф на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, како и врз други цели, меѓу кои и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и лидерот на Револуционерната гарда, Абас Нилфорушан.

Израелската армија подоцна призна дека нападот предизвикал штета на некои воздухопловни бази, тврдејќи дека подготовките за одмазда против Техеран се во тек.

Иран ги бранеше своите акции, повикувајќи се на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, кој го потврдува правото на земјите членки да користат сила во самоодбрана од вооружени напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено и по претежно суви коловози

Следно

Фудбалерите пред предизвик наречен Ерменија и заверка на првото место во групата Ц

Latest from Blog

Рускоска: Правната квалификација за „Пулс“ е промашена – апсурдно е Министер од 2012 да одговара за трагедија во 2025

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска упати сериозни критики за начинот на кој е поставен еден од најголемите судски процеси во последно време – случајот „Пулс“, оценувајќи дека правната квалификација е целосно промашена и

УНЕСКО: Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата во математика- тоа не е добро

Во 2023 година, уделот на земјите каде што момчињата се побројни од нив достигна ниво невидено во речиси триесет години, истакнува УНЕСКО. „Овој тренд е загрижувачки“, предупредува организацијата на ОН, според која

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата. Осомничениот, во периодот

Иран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година. „Министерството за млади и спорт објави дека нашата
Go toTop