Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“

1 min read

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“. Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот – според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран,  а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

Следно

Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Latest from Blog