Израел: Десетици илјади демонстранти бараат ослободување на заложниците во Газа и предвремени избори

April 28, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Десетици илјади луѓе синоќа одржаа протести низ Израел, барајќи ослободување на заложниците во Газа и предвремени избори, пренесува Анадолу.

Израелската радиодифузна управа – КАН објави дека демонстрантите се собрале на плоштадот Каплан, повикувајќи на договор за размена на заложниците со палестинските фракции во Газа и предвремени избори.

На протестите учествуваа и семејства на заложници држени во Газа, кои одржаа говори пред демонстрантите, соопшти радиодифузната управа.

Според израелскиот весник Једиот Ахронот, на плоштадот Каплан избувнале судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Илјадници Израелци се собраа и на улицата Бегин пред Министерството за одбрана во Тел Авив.

Многу луѓе, исто така, демонстрираа во близина на домот на израелскиот претседател Исак Херцог во Западен Ерусалим, барајќи враќање на оние што се држат во Газа и повикувајќи на предвремени избори, пишува Једиот Ахронот.

Дополнително, илјадници Израелци протестираа во близина на резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и илјадници други во Хаифа.

Демонстрациите во Израел се интензивираа по видеото објавено од Бригадите Ал-Касам на кое се гледаат двајца заложници кои се држат во Газа како бараат од израелската Влада да издејствува договор за размена на заложниците за да се обезбеди нивното ослободување.

Како одговор на видеото, семејствата на заложниците изјавија: „Израел мора да избере помеѓу (инвазија) на Рафа или договор (со Хамас)“, објави израелскиот весник Једиот Ахронот.

Семејствата ги повикаа членовите на Владата да ги ослободат заложниците кои се држат во Газа, дури и ако тоа значи крај на војната.

Тел Авив смета дека 134 Израелци се држат во Газа, додека Израел држи околу 9.000 Палестинци во своите затвори.

Во израелските напади досега загинати се над 34.300 Палестинци по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој загинати се околу 1.200 Израелци, а околу 250 лица се земени како заложници.

Со претходниот договор постигнат во ноември ослободени беа 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци – 71 жена и 169 деца.

САД, Катар и Египет се обидоа да постигнат договор за ослободување на преостанатите израелски заробеници.

Израелските напади принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити – Нема по секоја цена да бидеме дел од идната влада

Следно

Ирак воведува казна затвор за геј бракови, промена на пол и промоција на хомосексуалност

Latest from Blog

Сосиедад ја „шокираше“ Барселона

Тимот на Реал Сосиедад направи огромен подвиг вечерва откако на свој терен во последниот дуел од Пример програмата денеска ја совлада Барселона со конечни 2:1. Поприлично интензивниот дуел стартуваше со два поништени

Голема железничка несреќа во Шпанија, најмалку седум загинати (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, а неколку други беа повредени во недела попладне откако два брзи возови излетаа од шините во близина на Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Според извори од Цивилната гарда,

Рома со гостински триумф кај Торино (ВИДЕО)

Тимот на Рома стигна до нови три бода во годинешниот Серија А шампионат, откако обезбеди триумф од 0:2, против тимот на Торино на гостински терен. Стрелци на головите за „Волчицата“ беа Мален

(ВИДЕО) Николоски: Ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака: „Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици погледнете го
Go toTop