Избори во Туркије: Укината забраната за емитување

May 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека во 18:30 часот по локално време ја укинале забраната за емитување во врска со претседателските и парламентарните избори во земјата, јавува Анадолу.

Јенер, во изјавата за медиумите, нагласи дека изборите на национално ниво завршија мирно, додека процесот на гласање заврши низ целата земја во 17:33 часот по локално време.

Почна броењето на гласовите за да се утврдат резултатите од претседателската трка меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој бара реизбор, главниот кандидат на опозицијата Кемал Киличдароглу и кандидатот Синан Оган.

Граѓаните на Туркије денес гласаа на претседателските и парламентарните избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а првпат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонското прашање е една од темите на денешниот Собор на Српската православна црква

Следно

ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа

Latest from Blog

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“

Божиновска во Виена: Фокус на зелена транзиција и енергетска безбедност

Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер. Фокусот на разговорите
Go toTop