Иванов се обрати на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин

February 18, 2023
2 mins read

Општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси за 2022 година е дека светот станува сѐ помалку демократски. Демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст, рече поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов во обраќањето на Светскиот форум за демократија и мир 2023 во Берлин.

Иванов е еден од учесниците на форумот, покрај големиот број поранешни претседатели, премиери и политичари. Тој имаше обраќање на главната тема „Зголемени закани за демократијата насекаде низ светот“, но посебно се осврна на темата на неговото излагање „Преживување на демократијата“.

-Демократијата секаде се соочува со опаѓање, додека автократијата е во пораст. На глобално ниво бројот на земјите кои се движат кон авторитаризам, во последните шест години е двојно поголем од бројот на земји кои се движат кон демократија. Се влошуваат граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат сѐ повеќе репресивни, истакна Иванов и нагласи дека светот се соочува со повеќе кризи истовремено, почнувајќи од порастот на трошоците за живот до ризикот од нуклеарен конфликт.

Овие кризи, според него, доведуваат до опаѓање на демократските стандарди во светот и предизвикуваат ерозија на демократијата.

-Високата инфлација, економските проблеми, кризите во снабдување со енергија, кризата со храна, опаѓањето на животниот стандард, двојните стандарди во однос на миграцијата и бегалците. На глобално ниво демократијата се соочува со различни закани, а сѐ поактуелен станува проблемот со легитимноста на изборните резултати, ограничувањето на слободите и правата на интернет, тврдокорната корупција, растот на екстремни политички партии, рече Иванов.

Тој потенцираше дека во повеќе земји постои голема политичка поларизација, дисфункционалност на институциите и загрозување на граѓанските слободи и права, а како најсуштествени актери за јакнење на автократските системи и ерозијата на демократските норми се посочуваат политичките и економските елити кои сакаат да го заштитат својот клиентелистички и корумпиран систем.

-Треба секогаш да се има предвид фактот дека демократијата не е постојана и статична состојба, туку е во постојано движење и претставува процес на промена и усовршување. Затоа, мора да го проценуваме и да го развиваме демократскиот систем во согласност со потребите и предизвиците на нашето време, за да можеме да го заштитиме и усовршиме како држави и како меѓународна заедница, истакна Иванов кој за време на посетата одржа и повеќе средби со учесниците на форумот, како и со организаторите на настанот.

Форумот што се одржува од 16 до 18 февруари, го организира Академијата за културна дипломатија.

Светскиот форум за демократија и мир (2022-7) е петгодишен проект кој се одвива почнувајќи од јули 2022 година и го спроведува Академијата за културна дипломатија во соработка со глобални меѓународни организации, национални влади, меѓународни корпорации и водечки академски институции. Институтот за културна дипломатија е основан во 1999 година во САД и е меѓународна, непрофитна, невладина организација со седиште во САД и Германија. Според Институтот, културната дипломатија одамна е препознаена како главен инструмент за промовирање на меѓукултурните врски меѓу земјите, заедниците и народите. Институтот за културна дипломатија е основан со цел да ја промовира културната дипломатија на глобално ниво, а со тоа да придонесува за постигнување глобален мир преку зајакнување на меѓукултурните односи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија ќе се соочи со голема суша поради мали врнежи во текот на зимата, областите околу реката По веќе се исушени

Следно

Зошто Индија не фаќа страна во војната

Latest from Blog

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени
Go toTop