Инфантино е веќе историја: Човекот на Трамп планирал да си даде плата од 30 милиони долари, плус бонуси!

August 2, 2026
2 mins read
фото: Football Tweet (X)

Јасно им е на сите дека СП 2026 беше едно од најскандалозните во историјата, и тоа поради две личности. Првата е Џани Инфантино а втората е Доналд Трамп. Поништениот црвен картон на Балогун беше само доказ дека овие двајца сакаат да го уништат фудбалот, онаков како што го знаеме, за своја финансиска корист.Да не говориме за планот за купување на СП, кој пропадна благодарение најмногу на УЕФА.

И затоа Џани се чини дека вече историја, а Трамп никогаш ама баш никогаш нема да се памети по нешто добро и во светот на фудбалот.

Иако официјално се откажа од идејата за продажба на дел од Светското првенство, возбудата околу потегот на Џани Инфантино продолжува, а реална е опцијата швајцарскиот шеф на ФИФА да биде отстранет. Имено, како што пишува „Тајмс“, Инфантино планирал претседателот на новоформираната комерцијална подружница FFE (FIFA Forward Enterprise) да добива годишна плата од 30 милиони долари, без да се сметаат можните бонуси. Секако, Инфантино, самиот креатор на идејата, би ја зазел таа позиција.
„По 2031 година, можеме да заработуваме сериозни пари тука“, наводно му рекол Инфантино на еден соработник, кој потоа на шега го прашал дали неговата моментална годишна плата, проценета на неколку милиони долари, не е доволна.
„Не, зборувам за сериозни пари“, наводно одговорил претседателот на ФИФА. Да потсетиме дека големото соопштение требаше да дојде во пресрет на финалето на Светското првенство во хотелот „Валдорф Асторија“ во Њујорк, кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, планираше да го претстави својот план за продажба на удел во натпреварите на ФИФА на приватни инвеститори, вклучувајќи го и Џошуа Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кој предизвика бура во регионот откако се обиде да изгради одморалиште во Албанија.

Според „Атлетик“, таа вечер Инфантино бил домаќин на настан во Трамп Тауер со американскиот претседател. Таму, тој го опишал Светското првенство во 2026 година како „најголемиот човечки, општествен и културен настан што човештвото некогаш го видело“, иако бројни потези биле критикувани. Владеењето на Инфантино изгледало недопирливо, а изборите што требаше да се одржат во март 2027 година требало да бидат чиста формалност. Како што објаснуваат странските медиуми, поддршката од африканските и азиските земји била клучна бидејќи токму Инфантино е главниот поддржувач на идејата за проширување на Светското првенство.
Но, падот наскоро следел. Самото објавување на идејата за продажба на дел од Светското првенство предизвика лавина од реакции што не беше запрена ниту со одлуката за запирање на проектот на ФИФА Форвард Ентерпрајз. УЕФА, која го обвини за „срамен договор зад затворени врати“, сака Инфантино да си замине, тврдејќи дека раководството на ФИФА „не само што ја изгубило довербата на УЕФА, туку и на многу други членови на фудбалското семејство“, а според изворите на „Атлетик“, претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, сериозно размислува да го предизвика Инфантино во борбата за претседателската функција.

Инфантино сè уште може да остане на власт, особено затоа што има голема поддршка од сојузи од Глобалниот Југ. Но, едно е сигурно – УЕФА му го сврте грбот, а без неа нема Светско првенство.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Latest from Blog

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат
Go toTop