Индија ќе работи на колонијално освестување на Британија преку враќање на украденото богатство

2 mins read

Прв и најважен на листата е Кохинур дијамантот, 21-грамскиот дијамант од 105 карати кој е најголемиот скапоцен камен на круната на кралица Елизабета кралицата мајка. Листата е составена од илјадници најразлични артефакти и богатства кои британската држава ги однела од Индија за време на поробувањето на индискиот потконтинент.

Во операцијата, која индиската страна ја опишува како британско „помирување со минатото“, освен бројни индиски дипломати ќе бидат вклучени и повисоки функционери, а целата кампања доаѓа од врвот на индиската политика и еден од приоритетите на премиерот Нарендра Моди.

Прашањето за повраток на империјалниот плен се очекува дека ќе се прелие во сите поважни разговори меѓу двете држави, вклучително и трговските преговори меѓу двете страни.

Секретарот во индиското министерство за култура, Говинд Мохан, објаснува дека враќањето на антиквитети ќе стане клучен дел од идните индиски политики.

„Ова е од огромна важност за владата. Притисокот за напорите за враќање на индиските артефакти доаѓа лично од премиерот Нарендра Моди, кој ова го направи приоритет,“ изјавил Мохан.

Индиската страна тврди нивните артефакти стигнале на Британија како дел од кражба бидејќи биле „неетички“ отстранети во време на „колонијална принуда.“ Целата операција ќе ја координира Археолошкото истражување на Индија, организација во рамките на тамошното министерство за култура, а во нејзино име индиските дипломати во Лондон ќе поднесат формално барање до британските институции што поседуваат индиски артефакти.

Намерата на Моди е да го замени националниот идентитет на земјата базиран на 90-годишното постоење на Британска Индија (Раж) со идентитет кој е вкоренет во 4.000-годишната историја на Индија. Самото вадење на Кохинур од кралската круна во Делхи се толкува како симболично излегување од колонијалната сенка и прифаќање на индискиот национализам.

Индиски функционери објаснуваат дека генерациите луѓе што не израснале под сенката на британскиот колонијализам „сакаат да го видат својот национален идентитет прикажан под нивни сопствени услови“.

Кохинур дијамантот со векови краси престоли или круни на најразлични кралства на индискиот потконтинент, за на средината на 1800-те, тој да падне во раце на Ист-Индија компани кои по анектирањето на Пунџаб и го предаваат дијамантот на кралицата Викторија.

На страна дијамантот што го чува кралското семејство, најголем дел од артефактите кои Индијците ги бараат назад се во сопственост на Британскиот музеј кој има изобилие на најразлични индиски артефакти на времето довлечкани до Британија. Барање за враќање неизбежно ќе добие и Викторија и Алберт музејот кои има засебна индиска колекција.

Бидејќи на овие музеи со закон им е забрането да мрднат и најмал дел од своите колекции, се верува дека Индија својата кампања ќе ја започне со барања до добротворните организации кои имаат сопствени колекции и приватните колекционери за кои не треба интервенирање во законите и кои можеби доброволно ќе соработуваат.

Освен во Индија, Британија меѓу другото ги има за враќање Мермерите од Акропол, Бенинските бронзи во Нигерија и Светите табли во Етиопија.

Британскиот музеј до сега ги одбиваше грчките барања да и ги врати на Атина Мермерите од Акропол по основа на Законот за Британскиот музеј во кој стои дека ниту еден предмет не смее да биде предаден бидејќи сите тие, технички, се чуваат за британскиот народ. Се очекува дека и Индијците, барем првично, ќе бидат пречекани со истото образложение.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Демант од „Банана филм“ за наводите во кривичната пријава од Агенцијата за филм

Следно

Ковачевски му врати на бугарскиот претседател: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав

Latest from Blog