„Или-Или“ го објави новиот роман на Горан Војновиќ „Ѓорѓиќ се враќа“

April 13, 2023
1 min read

Денеска од печат излезе преводот на новиот роман на Горан Војновиќ насловен „Ѓорѓиќ се враќа“ во издание на „Или-Или“.

По објавувањето на „Југославија, моја дежела“ и „Смоква“, ова е трето дело на регионалната книжевна ѕвезда кое излегува на македонски јазик. Преводот од словенечки е на Давор Стојановски.

За својата нова книга, Војновиќ во интервјуто за „Букла“ нагласува:

По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Париз подготвено ќе ги дочека Олимписките игри 2024

Следно

(ВИДЕО) Требаше за осум недели, но и по осум месеци од првата лопата ја нема фабриката за електрични автомобили во Тетово

Latest from Blog

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана против затворањето на матичната канцеларија во Острени, Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на

Пратениците ќе расправаат за законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена
Go toTop