И Шеврон сака зелено: долари

January 31, 2023
1 min read

Вредноста на акциите на Шеврон минатата година порасна за повеќе од двојно. Не дека повлекоа некој маестрален потег туку едноставно ја искористија ситуацијата во која понудата е намалена а побарувачката зголемена.

А на второво, огромна американската фирма како што е таа може и да влијае.

Елем, кога компанија е профитабилна, постојат многу опции што да се прави со ќарот. Може да се реинвестира во бизнисот, да се модернизира опремата или да се вработат уште луѓе. За компании во САД постои и друга опција, таканаречениот ‘buyback’, кога компанијата го користи профитот за да купува свои акции од отворениот пазар.

Тоа е сè почеста но и контроверзна пракса (до 1982 година беше зџабранета). Од една страна, тоа е лесен начин да им сигнализираш на акционерите доверба во компанијата, но истовремено, со тоа вештачки се дига вредноста на акциите бидејќи се симулира лажно зголемување на побарувачката. Ваков потег е еден од омилените на менаџерите чии бонуси се врзани со акциите.

Белата куќа и луѓе од Конгресот се надеваа дека екстра кешот Шеврон ќе го искористи за зголемување на производствените капацитети за да се намали цената на горивата и сè поголемата нервоза кај возачите.

Радујте се.

Наместо тоа, Шеврон реши да одвои неверојатни 75 милијарди долари за да купува сопствени акции (знаете ли колку годишни буџети на Македонија се тоа?).

„За компанија која до неодамна тврдеше дека мака мачи да го зголеми производството на нафта, давање 75 милијарди долари на извршните директори и богатите акционери е чуден начин да се покаже тоа,“ се пожали портпаролот на Белата куќа, Абдула Хасан.

Бајбек пакетот на Шеврон е толку голем што, според Блумберг, со тие пари можело да се финансира 4 годишно вадење нафта.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ериксен три месеци надвор од терените

Следно

Алијанса за Албанците сè поблиску до владиното мнозинство – програмите усогласени, на ред се кадровските решенија

Latest from Blog

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на
Go toTop