Хорор во Газа над 70 цивили загинати во бомбашки напад од Израел

October 20, 2024
1 min read

Смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, не ги запре израелските напади врз Газа и Либан. И денеска, авијацијата продолжи со ракетирањето на енклавата. Преку 90 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во најновиот напад врз градот Беит Лахија во северниот дел на појасот.

Од Палестинското министерство за здравство тврда дека десетици други се повредени, а многумина се уште се заробени под урнатините. Од почетокот на израелската воена офанзива на 7 октомври минатата година, убиени се 42 илјади лица а речиси 100 илјади се повредени. 

„Се чуствуваме мртво. Дури и сега кога бегаме, се чуствуваме како тела без душа. Бомбардирањето беше немилосрдно иако во куќите има само жени и деца. Телата останаа на улица и сега се храна за кучињата.“ – жителки на Газа.

„Бомбите паѓаа секоја минута. Експлозија по експлозија. Не покажаа никаква милост. Ова беше една од најтешките ноќи кои ги имаме доживеано. Ужасот не може да се опише.“ – жителки на Газа.

Бенјамин Нетанјаху пак ги обвини сојузниците на Иран дека се обиделе да го убијат откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во градот Цезарија, во централниот дел на Израел.

„Иранските агенти кои се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе им наштети на граѓаните на државата Израел, за тоа ќе плати висока цена.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел. 

Израелските борбени авиони продолжуваат со нападите и врз Либан. На удар повторно се најдоа позиции за кои тврдат дека ги користат борци на Хезболах. Од армијата велат дека во нападот врз седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан и подземна работилница за оружје во Бејрут, убиени биле неколку команданти на Либанската организација. Либанците пак порачуваат дека најголемата цена ја плаќаат цивилите кои немаат никаква врска со Хезболах.

„Можевме да го слушнеме дронот како лета. Јас бев на неколку минути од местото на експлозијата. Кога дојдов тука видов две лица, маж и жена. Беа мртви. Делови од нивните тела беа насекаде.“ – Шарбел Накул жител на Бејрут.

А според дел од арапските медиуми, Заменикот на генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем побегна од Либан со ирански авион и сега живее во Техеран. Бегството на Касем во Иран го наредиле највисоките лидери на Исламската Република поради стравот дека тој може да биде следен на листата за елиминација на на Израел.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти

Следно

Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата
Go toTop