Хамас ги ослободи првите заложници

January 19, 2025
1 min read

Хамас попладнево ослободи три заложнички, кои се првите од 33-те што треба да бидат пуштени од заложништво согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти израелската војска.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека нивни преставници ги презеле трите заложнички и се на пат кон Израел.

Ослободувањето на првите заложници го потврди и претставник на Хамас.

На објавените телевизиските снимки се гледа како три жени се качуваат во автомобил во Газа, придружувани од вооружени борци на Хамас.

Според израелските медиуми, првите три ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, кои поминаа речиси 500 дена во заробеништво, од нападите на 7 октомври 2023 година.

Трите жени Црвениот крст треба да ги предаде на израелската армија во Појасот Газа, а оттаму треба да бидат пренесени во воен објект во Израел во близина на границата со Газа на првичен преглед пред да бидат однесени во болница во Тел Авив, каде што треба да се сретнат со нивните семејства.

Првата фаза од договорот за примирје меѓу Хамас и Израел што стапи во сила денеска, предвидува ослободување на 33 израелски заложници држени во Газа, во замена за 1.904 палестински затвореници во израелските затвори. Договорот предвидува и повлекување на израелската армија од густо населените области на Појасот Газа.

Договорот беше објавен во средата, по повеќемесечните напори на САД, Египет и Катар да го убедат Израел да се согласи на прекин на огнот, а Хамас да ги ослободи заложниците.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила

Следно

Во Битуше, Водици се прославува на уникатен начин

Latest from Blog

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос
Go toTop