Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска

April 17, 2024
1 min read

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина.

Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа институција, Србија не ги пушта автобусите со косовски регистарски таблички.

-Во знак на одмазда и апсурдна нервоза поради изгласувањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“ меѓу Србија и Хрватска, држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистерски таблички и патници, државјани на Република Косово, напиша Хаџоли.

Објаснувањето од српските власти, како што вели тој, е дека тоа го наредил Белград.

-Блокирањето на над 300 граѓани со задржување на нивните пасоши и патни документи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права загарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград“, напиша Хаџоли.

Тој вели дека планира лично да оди на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија каде што се блокирани косовските патници.

-Бидејќи српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што се случи и утринава, побарав и чекам блиска придружба за да отпатувам до преминот Батровци, за да им се најдам во близина на нашите сограѓани и во знак на протест кон ваквиот развој, напиша Хаџоли. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе ги одработуваме ли неработните денови од изборите – Еве што велат од Владата

Следно

Хезболах објави дека извршил пет напади врз израелски воени цели

Latest from Blog

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос
Go toTop