Грција: Нова демократија на Мицотакис со убедлива победа на изборите

May 22, 2023
2 mins read

АТИНА (АА) – Владејачката партија на премиерот Кирјакос Мицотакис, Нова демократија (НД), извојува убедлива победа на парламентарните избори во Грција што се одржаа вчера, но недоволна за формирање Влада, јавува Анадолу.

Нецелосните резултати од речиси 90 отсто од избирачките места покажаа дека Нова демократија освоила 40,8 отсто од гласовите, а по неа е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со 20,06 отсто.

На изборите во 2019 година, НД заврши со 39,85 отсто од гласовите, додека Сириза беше втора со 31,53 отсто.

Резултатите објавени од Министерството за внатрешни работи покажаа дека социјалдемократската ПАСОК-КИНАЛ освоила 11,65 отсто, Грчката комунистичка партија (ККЕ) 7,16 отсто, додека екстремно десничарската партија Грчко решение 4,47 отсто од гласовите.

Со 2,56 отсто, партијата МеРА25 на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис не успеа да го достигне прагот од 3 отсто за повторно да влезе во Парламентот.

Ултраконзервативната партија Победа, која наводно е поддржана од Грчката црква, освои 2,93 отсто од гласовите на првите избори.

Слично на тоа, левичарската партија Пловење за слобода на поранешната претседателка на Собранието, Зои Константопулу, која се отцепи од Сириза во 2015 година, имаше подобри резултати од очекуваното и освои 2,85 отсто од гласовите.

Одѕивот на гласачите, според официјалните бројки, бил нешто над 60 отсто.

Резултатите означија голем неуспех на анкетите на јавното мнение во Грција. На пример, најновото истражување покажа дека НД ќе добие околу 36 отсто, Сириза дека е на пат до 30 отсто, додека МеРА25 предвидуваа да обезбеди 4 отсто од гласовите.

– Што понатаму за Грција?

И покрај големата победа, партијата на Мицотакис нема да може сама да формира Влада поради последните промени во грчкиот изборен систем.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на лидерот на најголемата партија ќе му даде рок од три дена да формира коалиција.

Ако не успее тоа, мандатот ќе оди кај втората по големина партија, а потоа на третата.

Ако партиите не можат да постигнат договор, претседателката ќе одржи последен состанок со лидерите во обид да се формира влада или да финализира привремена администрација за да се пречека уште еден круг избори.

Во случај и понатаму да нема договор, таа ќе назначи техничка влада која ќе ја води Грција до новите избори, што би се одржале на 25 јуни.

Висок судски претставник, кој мора да биде шеф на еден од трите најголеми судови во Грција, ќе биде назначен за технички премиер.

Во вториот круг, системот ќе се насочи на полупропорционална застапеност.

Според овој систем, победничката партија добива бонус од 20 места ако има најмалку 25 отсто од гласовите, и до 50 места доколку има околу 40 отсто.

– „Грците сакаат силна влада“ –

Во својата прва изјава по резултатите, Мицотакис истакна дека резултатите од гласачките кутии се „стожерни“.

„Ви благодарам од дното на моето срце“, рече тој, обраќајќи им се на поддржувачите во седиштето на партијата.

Тој рече дека резултатите покажуваат дека грчкиот народ сака силна влада, нагласувајќи дека неговата партија е подготвена за вториот круг следниот месец.

Лидерот на Сириза, Ципрас, призна дека резултатите се „екстремно негативни“ за неговата партија.

Поранешниот премиер рече дека му се јавил на Мицотакис за да му ја честита победата.

„Внатрешните тела на Сириза веднаш ќе се состанат за да ги проценат резултатите“, додаде тој.

Водачот на Грчката комунистичка партија (ККЕ), Димитрис Куцубас, ги поздрави резултатите како победа за неговата партија и грчката работничка класа, додека лидерот на ПАСОК-КИНАЛ, Никос Андрулакис, исто така, изрази задоволство од придобивките што ги постигна неговата партија на вчерашните избори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски МИТ на северот на Ирак неутрализира терорист на ПКК/КЏК одговорен за комуникациите

Следно

Денот на враќање на учениците во „Рибникар“: Се појавиле само половина од децата, делот каде што се случи масакрот не се користи

Latest from Blog

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на
Go toTop