Граѓаните од Шуто Оризари започнуваат петиција за функционална поликлиника во општината

May 6, 2023
1 min read

Јавен настан со кој ќе започне процесот на спроведување на петиција насловена „Бараме функционална Поликлиника во Шуто Оризари! – Ромите и сите граѓани од Шуто Оризари повеќе нема да молат за своето здравје” ќе се одржи денеска во центарот на Општината.

Преку петицијата граѓаните бараат од надлежните институции во Поликлиниката во Шуто Оризари да обезбедат пункт за итна медицинска помош, дополнителни две опремени ординации за работа на матични лекари, специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија; радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика), зголемен број на патронажни сестри и опремена дежурна служба.

-Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника потребно е да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во Поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во градот Скопје, посочува Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Како што посочуваат од ЕСЕ, жителите од оваа општина се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Наведуваат дека кај 35 проценти од Ромите од Шуто Оризари кои повикале Итна медицинска помош, таа не дошла, а кај 40 проценти пристигнала во временски период подолг од 30 минути. Во Шуто Оризари нема доволен број на матични лекари, има 3.675 жители на еден матичен доктор.

-Недостигот на матични лекари сериозно се рефлектира на здравјето на целата заедница. Но стравот е уште поголем поради тоа што и сегашните матични лекари се веќе пред пензионирање, или пак дел од нив го продолжија работниот век, со цел да не се остават дополнителни три илјади граѓани без матичен лекар, вели Фадил Џемаил од ИРИЗ.

Во Општината, се додава во соопштението, нема ниту еден доктор специјалист кој има договор со Фондот за здравствено осигурување, а нема и рентген апарат. За сите овие здравствени услуги, луѓето од Шуто Оризари треба да патуваат во другите скопски општини. Поради недоволен број на патронажни сестри во општината, само 23 проценти од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека 18 отсто од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра.

Петицијата ќе биде потпишувана на терен од самите граѓани, но ќе биде достапна и во онлајн форма, а ја спроведуваат Здружението за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе; Иницијативата за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен малолетник во Ниш: Се заканувал дека ќе убие повеќе од 30 луѓе

Следно

Кралот Чарлс Трети е крунисан во Вестминстерската катедрала во Лондон

Latest from Blog

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос

Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и

Село Пасинки во Голо Брдо по првпат ги собра жителите и иселениците на годишна средба

Фото: Македонски весник “Илинден” На 9 август 2026 година, во живописното село Пасинки, областа Голо Брдо, се одржа првата годишна средба на жителите, иселениците  на селото. Средбата беше организирана со цел повторно да се
Go toTop