Градоначалникот на Рафа: Над 70 отсто од јавните објекти во градот уништени од израелската армија

June 20, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во израелските напади уништени се повеќе од 70 отсто од јавните објекти во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, изјави денес градоначалникот на градот, јавува Анадолу.

„Над 70 отсто од јавните објекти и инфраструктурата се уништени во израелскиот напад“, изјави Ахмед ал-Суфи за Анадолу.

Тој рече дека израелската армија во вторникот разнела десетици куќи во саудиската населба во Западна Рафа.

„Израел се обидува да ја претвори Газа во ненаселива област со уништување на преминот Рафа и спречување на влезот на хуманитарната помош“, рече градоначалникот, предупредувајќи на глад во палестинската енклава.

Минатиот месец израелската армија го нападна градот Рафа и го зазеде преминот на градот, единствен прозорец на палестинската енклава кон надворешниот свет, влошувајќи ги и онака тешките хуманитарни услови на територијата.

Израелското армиско радио вчера соопшти дека преминот Рафа повеќе не може да се користи откако неговата палестинска страна во Газа е уништена од страна на армијата.

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа големо уништување предизвикано од израелската армија на преминот, при што главниот објект е уништен, а околните згради се урнати.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа убиени се над 37.400 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 85.500 се повредени.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а има и целосна блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска: При експлозија на автомобил загина дете, а тројца возрасни се повредени

Следно

Дваесет и петгодишен професионален војник на АРМ починал на КАРИЛ откако му се слошило на марш на Криволак

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop